СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Л.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 22.02.2026 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против Ж.С.(25) од Тетово, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 07.08.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана швајцарска возачка дозвола.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(37) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.07.2026 во Тетово, по претходна физичка пресметка, пријавениот со остар предмет им нанел повреди на А.С.(41) и А.С.(42), двајцата од с.Пршовце. Наредниот ден, на 06.07.2026 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во деловни простории во Тетово, при што биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,62 мм со рамка со девет куршуми и пиштол калибар 22 мм со шест куршуми.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.Т.(45) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 28.09.2026, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и метамфетамин.
На 01/02.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ш.Р.(20), М.П.(25), С.У.(21), П.С.(28), М.Д.(32) и Ф.И.(45), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 01.10.2026 во 17:15 часот на ул.„Вонвардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа А.В.(26) од Тетово. Тој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 01.10.2026 во 20:20 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница ги лишија од слобода С.Д.(30), О.С.(20) и Е.М.(24), тројцата од Куманово и Т.И.(35) од Виница. При извршен преглед на паркирано патничко возило „фоксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал С.Д., а останатите биле сопатници, под возачкото седиште е пронајдена и одземена марихуана. На паркинг просторот, во близина на возилото, исто така, е пронајдена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 01.10.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управуванo од С.Г.(23) од Турција и патничко возило „дачиа“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Ф.Б.(33) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил Ф.Б. и неговиот сопатник А.Б.(45) од с.Батинци, скопско, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 01.10.2026 во 22:50 часот на крстосница од ул.„Илинденска“ и ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Ј.С.(48) од с.Требош. При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.
На 01.10.2026 во 15:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат од с.Градец кон автопатот, 14-годишен малолетник од с.Градец, гостиварско, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 01.10.2026 во 20:30 часот на ул. „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници го приведоа Е.У.(35) од с.Чегране, гостиварско. Тој бил баран по решение од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје за издржување мерка притвор во траење од 30 дена за кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
На 01.10.2026 во 22:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ш.Ш.(49) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 68-годишна мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 02.10.2026 во 02:50 часот во Полициското одделение Маврово, 24-годишна девојка од кочанско село пријави дека била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Г.(40), кој потоа го нападнал и нејзиниот пријател С.П., кој се обидел да ја заштити. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.О.(40) од струшкото село Октиси, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 28.08.2026 во струшко село, таа физички нападнала 81 - годишен жител на селото вo неговиот дом, по што му одзела пари. По преземени мерки, полициските службеници од ОВР Струга ја пронајдоа Л.О. и ја лишија од слобода.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Д.(76) од дебарското село Горно Косоврасти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности “. Тој, на катастарски парцели во близина на Дебарското езеро, неовластено оградил земјиште во државна сопственост, по што, спротивно на Законот за градба, изградил бетонски ѕидови.
На 01.10.2026, полициски службеници од ОВР Неготино презедоа мерки и активности со цел откривање на сторители на кривично дело, постапувајќи по претходна пријава за „тешка кражба“ во напуштен објект во неготинско. Притоа, во кругот на објектот биле затекнати неколку лица, кои со употреба на алат се обиделе да одземат предмети, а откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство, при што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух. Набргу, на местото и на неколку локации во Неготино, од слобода се лишени Е.Ф.(31), Б.Ф.(28) и Е.Ф.(32) од село Паликура, росоманско, Ѓ.У.(32), Д.И.(33) и Н.Ц.(38) од Градско и В.В.(31) од село Подлес, Општина Градско. Тие биле задржани во полициска станица, од нив се одземени предмети и по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.10.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Н.С.(34) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.10.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, Д.Д.(24) од Турција, со престој во Скопје, пријави дека на 01.10.2026 околу 21:50 часот на подрачјето на Центар едно лице со употреба на физичка сила му одзело ранец со музички инструмент и паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.10.2026 во 12:15 часот во СВР Скопје, Р.К.(64) од Скопје пријави дека околу 11:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ го одзел личниот накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.10.2026 во 15:05 часот во СВР Скопје, од Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ - Скопје е пријавено дека кај нив со повреди е донесена М.Г.(50) од Скопје. Според пријавеното, со повредите се здобила додека извршувала работни задачи во Дом за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Известен е трудов инспектор.
На 01.10.2026 во 20:30 часот во полициска станица во Скопје извршен е службен разговор со С.Г.(42) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од В.Д.(40) од Скопје дека физички го нападнал на подрачјето на Аеродром во Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 01.10.2026 во 08:15 часот во СВР Скопје, С.Б.(42) од Скопје, вработен во средно училиште на подрачјето на Гази Баба, пријави дека околу 07:40 часот во ходник на училиштето бил физички нападнат од неговиот колега Ј.П.(50) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 01.10.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, 72-годишен маж од скопско пријави дека на 29.09.2026 околу 21:30 часот во семејниот дом во скопско бил физички нападнат од неговиот син И.Т.(41), при што со тврд предмет искршил прозорец од куќата. Извршен е службен разговор со И.Т. и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 30.09.2026 во 11:34 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(76) од Скопје пријави дека на 30.09.2026 околу 11:00 часот во станбена зграда на подрачјето на Аеродром во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила и го одзел личниот накит. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 01.10.2026 во 18:05 часот во СВР Скопје, 40-годишен маж од Скопје пријави дека во изминатиот период неговата поранешна 41-годишна вонбрачна партнерка од Скопје ја запоставила грижата кон нивните две малолетни деца и се сомнева дека дозволила неговата малолетна ќерка да има полови односи со малолетник со кој била во врска. За настанот е известен Меѓуопштински центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.