Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 03.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 03.10.2026

СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „производство и дистрибуција на детска порнографија“ и „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во 2025 година, пријавениот извршил обљуба врз малолетничка, при што снимал со телефон, а потоа видео материјалот го користел за да ја уценува. 

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.И. (34) од с.Батинци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 11.08.2026 полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен пиштол калибар 357 магнум,  кој претходно со употреба на физичка сила го одзел истото оружје и пари, од лицето Г.А..

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Н. (30) и С.Н. (32) двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 28.07.2026 во семејна куќа во Штип, првопријавениот заедно со второпријавениот, кој е негов брат, физички ги нападнале сопругата и блиските членови на  првопријавениот, упатувајќи им и закани. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.П. (45) од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „загрозување на сигурноста“. На 06.09.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани на неговата сопруга.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Д. (35) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 23.09.2026 во куќа во Кочани, пријавениот физички го нападнал С.А.(29) од Кочани, откако претходно влегол во неговиот дом и одзел пари.

 

На 02.10.2026 во 11:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на плато од бензинска станица на подрачјето на Карпош во Скопје,  се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(49) и велосипед, управуван од Д.Д. (73) двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градска општа болница “8 Септември“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 03.10.2026 во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија К.С.(38) од Охрид по претходна пријава дека во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.10.2026 во 17:00 часот во с.Заполжани, општина Долнени, полициски службеници од полициско одделение Ропотово го лишија од слобода К.М.(48)  од с.Заполжани. Според пријавеното од З.Т. од с.Заполжани, додека работел во неговиот двор,  бил физички нападнат од неговиот соселанец К.М., кој притоа извадил и остар предмет и упатил закана по живот кон пријавителот. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.10.2026 во 16:42 часот на ул.„Јакимовски Пат“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Н.М.(28) од Зрновци. Имено, при сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со штипски регистерски ознаки, кое тој го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило. При излегување од возилото, Н.М. фрлил ќеса со марихуана, која е пронајдена и одземена од полициските службеници. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

 

На 02.10.2026 од ЈУ ЦСР Виница во ОВР Виница е пријавено дека кај нив на 01.10.2026 во 13:30 часот 38-годишна жена од виничко село била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Ц.(48) од виничко село. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

                             

На 02.10.2026 во 14:30 часот во ОВР Свети Николе, 29-годишна жена од светиниколско село пријави дека нејзиниот вонбрачен сопруг В.С.(40) од село Баница, струмичко, дошол во домот на родителите на пријавителката кај кои истата се вратила и и се заканил по нејзиниот живот. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

 

На 02.10.2026 во 10:30 часот во ПО Жеровјане било пријавено дека во с. Милетино, во близина на центарот, поради нерасчистени имотно-правни односи околу пат, М.К. (75) од с. Милетино со остар предмет му нанел повреда на Т.К. (66) од истото село. Повредениот со возило на Итна медицинска помош Тетово бил пренесен во Ургентен центар Тетово за укажување лекарска помош. На местото на настанот е извршен увид, а пронајдените траги од крв и остриот предмет се обезбедени, додека М.К. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 02.10.2026 во 18:30 часот во атар на село Тополница, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ф.М.(44) од с. Тополница. Полициски службеници при преземање на службени дејствија заедно со вработени од Шумска полиција и ЈП „Национални шуми“ Радовиш, го затекнале Ф.М. на место викано „Ќуп Тарла“ атар на село Тополница, каде со моторна пила имал извршено бесправна сеча на дабови огревни дрва. Од лицето се одземени една моторна пила и секира, кои заедно со пронајдените исечени дрва се предадени на вработени во Шумска полиција Радовиш. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против Ф.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.10.2026 во 17:40 часот во атар на село Голозинци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка го лишија од слобода С.А.(35) од село Мелница, општина Чашка. Кај место викано „Мелничка Река“ бил сопрен трактор „форд“ без регистарски ознаки со приколка, управуван од С.А., а сопатник бил 17-годишен малолетник од Мелница, натоварени со огревни дрва без жиг и боја и без соодветна документација. По пребарување на теренот каде била извршена нелегална сеча, била пронајдена дополнителна количина бесправно исечени дрва. Исто така, по извршени проверки било констатирано дека С.А. го управувал тракторот без да поседува возачка дозвола. По насоки од јавен обвинител тракторот и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. С.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 03.10.2026 во 01:00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.А.(28) од село во неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал и му се заканувал на неговиот 31-годишен брат. По преземени мерки било констатирано дека М.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,78 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.10.2026 во 21:30 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и од мобилниот тим „Task Force“ при СВР Куманово го лишија од слобода М.С. (31) од Куманово. При преглед кај него била пронајдена марихуана.

 

 

На 02.10.2026 во 00:00 часот во СВР Скопје, И.Ф.(50) од Скопје пријавил дека околу 22:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, двајца малолетници со употреба на физичка сила и со закана со остар предмет му одзеле пари на неговиот 15-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.10.2026 во 19:20 часот во СВР Скопје, З.К.(42) од Скопје пријавила дека на 30.09.2026 и на 01.10.2026 година на паркинг простор на подрачјето на Центар и било оштетено нејзиниот патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.10.2026 во 11:30 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека  околу 11:20 часот во Рекреативниот центар „Сарај“ за време на еднодневен излет, тројца малолетни ученици од Основно општинско училиште од Скопје биле физички нападнати од А.И. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.     

 

На 02.10.2026 во 05:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Скопје бил пронајден починат Ј.Х.(70) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

 

На 02.10.2026 во 14:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Драчево бил пронајден починат Г.С.(60) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

 

На 02.10.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(42) од Скопје пријавил дека истиот ден преку профил на социјална мрежа бил објавен видео клип, во кој му биле упатени закани нему и на неговото семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.10.2026 во СВР Скопје, Д.Х.(77) од Скопје пријавил дека на 30.10.2026 околу 12:30 часот во дуќан на подрачјето на Центар му биле упатени закани од Н.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.10.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, М.В.(36) од Скопје пријавил дека околу 14:00 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и неговата сопруга биле физички нападнати од две лица, од кои, едното лице влегло во нивното патничко возило и му упатувалo закани на пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 02.10.2026 во 21:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Б.Ч.(29) од Скопје, поради тоа што на подрачјето на Кисела Вода се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.10.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, Х.П.(41) од Скопје и К.П.(19) двајцата од Скопје пријавиле дека околу 17:55 часот на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 17-годишен син, кој бил заедно со К.П., биле физички нападнати од Б.М.(61) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.10.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, од правен субјект Електро дистрибуција -  Кец Аеродром од Скопје, било пријавено дека на 30.09.2026 со употреба на физичка сила и подесен алат од објектот биле одземени кабел и бакарни проводници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Мени за пристапност