Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 04.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 04.10.2026

 

На 03.10.2026 во 19:00 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш лишија од слобода 39-годишен жител на тоа село, кој, според пријавеното, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На  03.10.2026 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „50 Дивизија“ во Скопје настанал пожар во стан, сопственост на 46-годишната А.К. од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад, еден пожарникар бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.    

              

На 03.10.2026 во 13:45 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(44) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во правен субјект на подрачјето на Гази Баба. За настанот е известен трудов инспектор, а увидна екипа од СВР Скопје извршила увид.

 

На 03.10.2026 во 11:40 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Магарево, битолско, биле пронајдени две артилериски гранати и една рачна бомба. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, гранатите се безбедно подигнати и утврдено е дека се работи за артилериски гранати од Првата светска војна и една рачна бомба од Првата светска војна.

 

На 03.10.2026 во 08:30 часот на ул.„Караорман" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.Б.(33) од Битола. При преземање на службени дејствија во врска со семејно насилство, тој, заедно со женско лице, ги попречувале полициските службеници, по што И.Б. и физички ги нападнал полициските службеници. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.10.2026 во 22:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека на раскрсницата од ул. „Кеј Вардар“ и ул. „Тоде Богдановски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патнички возила „голф“, управувано од Е.Р. (18), „голф“, управувано од Б.А.(19), „бмв“, управувано од М.М. (25) и паркирано возило „пасат“ во сопственост на Е.С. (54), сите од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца 14- годишни сопатници, кои по укажаната помош во Ургентниот центар Гостивар се пренесени во Комплекс клиниките ,, Мајка Тереза" во Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачите Б.А. и Е.Р., како и сопатниците А.С. и Б.Л.. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.

 

На 03.10.2026 во 13:20 часот, од Ургентниот центар Гостивар во ПС Гостивар е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице. Од страна на полициски службеници е утврдено дека Н.Ј. (26) од с. Здуње, изведувајќи работни задачи во свој локал во с. Здуње, паднал од скеле и се здобил со повреди. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

На 02.10.2026 во 23:45 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект во Кичево, малолетник од кичевското село Србица бил послужен со алкохол, по што му се влошила здравствената состојба. Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево. По целосно расветлување и документирање на настанот, против правниот субјект и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 04.10.2026 во 00:45 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул. „Ванчо Прќе“ во Штип, 16-годишник од Штип, управувајќи мопед „априлија“ со штипски регистерски ознаки, изгубил контрола, при што удрил во паркирано патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки и паднал. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 04.10.2026 во 05:10 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на патот Делчево- Пехчево, кај село Тработивиште, делчевско, патничко возило „фиат“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната И.П. од Делчево, излетало од патот. При тоа, И.П се здобила со повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип, а увид извршила увидна екипа од ОВР Делчево.

 

На 03.10.2026 во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ц.(58) од Скопје, по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, физички ја нападнал неговата 29-годишна ќерка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 03.10.2026 во 12:40 часот во СВР Скопје, А.А.(44), С.З.(41) и Г.Т.(40) од Скопје пријавија дека на 02.10.2026 во 22:15 часот во училишен двор на подрачјето на Ѓорче Петров, нивните малолетни деца и нивни другари биле физички нападнати од четворица малолетници, а еден од нив носел и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.10.2026 во 00:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје приведоа двајца 16-годишници од Скопје, по претходна пријава дека во угостителски објект на подрачјето на Центар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 03.10.2026 во 22:40 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги приведоа М.С.(39) и Б.Н.(32), двајцата од Скопје, по претходна пријава дека пред угостителски објект, М.С., Б.Н. и Х.Д. (26) од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. При тоа, кај М.С. и Б.Н. биле пронајдени и одземени два  ножа. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

              

На 03.10.2026 во 21:40 чaсот во с.Марино, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.Т.(44) од Битола и С.А.(48) од Илинден, скопско, по пријава дека во спортска обложувалница во с. Марино, скопско, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На  03.10.2026 во 16:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање околу нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 31-годишен маж и 33-годишна жена (сопружници) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Мени за пристапност