СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 11.02.2026, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С. Т. (39) од светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот на 05.05.2026 и 06.05.2026 неовластено употребил банкарската картичка на друго лице, при што извршил две успешни трансакции во вкупен износ од 60.000 денари.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 30.12.2025 на импровизирана тезга на пријавениот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници пронајдоа и одзедоа пиротехнички средства.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Л.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.09.2026, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле преглед кај пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин.
На 05.10.2026 во 00:00 часот во село Палатица, тетовско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Н.(20) од истото село поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При преглед кај него биле пронајдени и одземени 15 пакувања со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.10.2026 во 12:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Д.(30) од Неготино. Тој се сомничи дека од паркирано возило, сопственост на 38-годишен неготинец, со употреба на сила одзел пари, а од возило на 22-годишен неготинец одзел разни предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците. С.Д. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 04.10.2026 околу 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на општинскиот пат с.Орешани-с.Таор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(23) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Ѓ.(44) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 04.10.2026 во 14:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со Б.С.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека не го почитувал решението од Центар за социјални работи Кавадарци и не дозволил на неговата 38-годишна сопруга да оствари средба со своите малолетни деца. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.А.(19), С.А.(28) и Р.К.(29), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблети. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 04.10.2026 околу 15:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Липково, во атар на с.Никуштак, Општина Липково, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 33-годишната В.А. од с.Никуштак, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле нејзините две малолетни сопатнички, додека со телесни повреди В.А., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
На 04.10.2026 во 16:26 часот во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишија од слобода Т.М.(28) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна сопруга дека во семејниот дом фрлил предмет кон неа и ѝ нанел повреда. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 04.10.2026 околу 10:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки управувано од 52-годишниот Б.Х. од Охрид, удрило во 79-годишната М.Н. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека Б.Х. го управувал возилото иако имал изречена активна забрана за управување. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 04.10.2026 во 10:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с.Гургурница - с.Стенче, тетовско, патничко возило „лада нива“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот С.Ј. од с.Долно Седларце, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговиот сопатник А.Ј.(21) од с.Долно Седларце, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 04.07.2026, пријавените со употреба на физичка сила и алат влегле во службени простории на правен субјект од Скопје - подружница Крива Паланка и одзеле пари од дневниот промет.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.В.(25) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“. На 11.04.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми калибар 7,62х39 мм и дијаболи калибар 4,5 мм за воздушна пушка.
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.Ш.(21), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 13.03.2026 во Радовиш, полициски службеници го затекнале пријавениот со уште три лица, од кои еден малолетник, при користење марихуана, која тој ја набавил.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Р.А. (76) од село во Општина Зрновци и Љ.Ц.(50) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05 и 06.03.2026, полициските службеници во дом и други простории на пријавените, пронашле муниција и пиштол „црвена застава”, за кои не поседувале соодветна документација.
На 04.10.2026 во 23:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.Р.(35) од Куманово. Според пријавеното, околу 21:30 часот во домот во кој престојувал во Гевгелија, физички го нападнал малолетниот син на неговата вонбрачна партнерка. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.10.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, С.К.(38) од Скопје пријави дека на 03.10.2026 околу 19:30 часот пред неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар дошол М.Р. заедно со уште три лица, по што М.Р. и едно од лицата го нападнале физички и со тврди предмети, додека двајца од нив впериле пиштол кон него и неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.