Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 06.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 06.10.2026

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.Д. (30) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги”. На 22.09.2026 во Кочани, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин, кокаин и марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две лица на кои им овозможил да користат хероин. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.С.(30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“. На 21.08.2026, по претходна расправија, пријавената физички ја нападнала нејзината свекрва.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Б.(38), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.09.2026 во с.Брњарци, скопско, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени муниција, пиштол, чаури од ловечки патрони, конзерви со сачми и конзерви со материјал за полнење на ловечки патрони, кутија со каписли и алатки за изработка и полнење на ловечки патрони.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.А.(34) и М.А.(42) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 18.08.2026 во семејниот дом во селото, по претходно недоразбирање, пријавените физички го нападнале А.А.(51), при што второпријавениот употребил дрвен предмет.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Н.(19) и Ф.С.(20) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 22.12.2025 во Велес, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(39) од Турција, со престој во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На почетокот на јануари 2026 година, тој измамил 59-годишник од Тетово за сума од 3.000 евра. Имено, во продажен објект во Тетово, тој се договорил со пријавениот да купи стока и како аванс му ги дал парите, а остатокот требало да го плати откако ќе му биде испорачана стоката. Но, пријавениот ниту ја направил испораката, ниту ги вратил парите.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(46) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 12.01.2026 во правен субјект во Тетово, пријавениот измамил 49-годишник од тетовско. Имено, лицето се договорило пријавениот да му испорача мебел, по што му дал 3.550 евра, но мебелот не бил испорачан во договорениот рок, а му биле вратени само дел од уплатените пари.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Б.(50) од с.Беловиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 03.08.2026, по претходна расправија, пријавениот се обидел со тврд предмет да нападне 37-годишен маж.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.И.(52) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 07.08.2026 во дворно место од куќата на неговиот 71-годишен татко, поради нерасчистени имотно-правни односи, пријавениот упатил закани кон својот татко и членови на семејството, а подоцна со тврд предмет го оштетил стаклото и кровот на паркирано возило, во кое бил брат му, при што му упатил и закани.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Т.З.(57) од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги ,психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.12.2025 во Валандово, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени семки од растението канабис.

 

На 05.10.2026 во 10:25 часот на ул.„Суитлак“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Штип ги лишија од слобода К.Г.(21) и С.В.(21), двајцата од Штип. При вршење службени дејствија, полициските службеници извршиле преглед во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистерски ознаки, во кое биле двајцата, при што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 05.10.2026 во 14:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосница од  бул.„Ленинова“, ул.„Цветан Димов“ и ул.„Браќа Миладинови“ во Струмица, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 79-годишниот Ј.Џ. од Струмица, удрило во 57-годишната С.А. од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди  се здобила С.А., констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.

 

На 05.10.2026 на  ул.„Јосиф Јосифовски" во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Б.Д.(22) од Ресен бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.10.2026 околу 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Градско-Велес, на место викано „Штипска клучка“, патничко возило удрило во пешакот С.М.(77) од с.Мамутчево, велешко, по што возачот со возилото го напуштил местото. Oд здобиените повреди, пешакот С.М. починал на местото, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 05.10.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при  извршен претрес  врз осудениците Е.Т.(34) од Скопје и А.С.(37) од тетовско, биле пронајдени и одземени 25 пакувања со кафеава прашкаста материја и 14 пакувања со марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив  ќе следуваат соодветни пријави.  

 

На 05.10.2026 во 17:00 часот во СВР Битола e пријавено дека во двор на ул.„Пецо Божиновски" во Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола подигнал  една артилериска граната од Првата светска војна.

 

На 05/06.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.К.(26), Н.М.(43) , М.М.(26), К.Б.(35), сите од Скопје, како и А.Б.(41) од Охрид, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите,  против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.    

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.А.(36) од кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 12.08.2026 пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.И.(22) и А.Ш.(21) од с.Палатица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.07.2026 во Тетово, пријавените физички нападнале две лица, а потоа еден од пријавените со остар предмет нападнал трето лице, кое се обидело да ги раздели, при што му нанел тешки телесни повреди.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(56) од с.Долно Палчиште, тетовско и М.Џ.(35) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 31.07.2026 на Градскиот плоштад во Тетово, по претходна расправија помеѓу пријавените, настанала физичка пресметка.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Р.(31) со привремен престој во Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 21.09.2026 пријавениот физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка.

 

На 05.10.2026 во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода 35-годишната З.М. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнала нејзината 19-годишна ќерка. Како што пријавила ќерка ѝ, З.М. го запоставувала и малтретирала и своето десетмесечно бебе. Известени се Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против З.М. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 05.10.2026 во 22:00 часот на ул.„Keј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.А. (41) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 63-годишна мајка дека физички ја нападнал. При преземање на мерки и извршен алкотест, кај него биле измерени 1,76 промили алкохол во организмот. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 05.10.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 02.10.2026 во домот на подрачјето на Бит Пазар, Б.Д. физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.10.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје, Б.Р.(55) пријави дека на 02.10.2026 на подрачјето на општина Аеродром, неговата малолетна ќерка била физички нападната од една малолетничка, додека друга малолетничка настанот го снимала со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 05.10.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кадино, скопско, С.Н.(46) од Скопје се здобил со повреди додека извршувал работни задачи во фабрика, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор. 

 

На 05.10.2026 во 19:45 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 18:35 часот во амбулантното одделение во установата, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу осудениците М.М.(28) од скопско и Р.Е.(41) од Битола, кој употребил остар предмет и му нанел повреда на М.М., по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 05.10.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ч.С.(19) од Штип, со престој во Скопје и Ј.С.(38) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.10.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, В.Н.(54) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.10.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, И.А.(51) од Скопје пријави дека на 04.10.2026 околу 15:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.П.(42) од село Тработивиште, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 01.05.2026 околу 08:00 часот од шума на место викано „Собориштето“ на планина Средна, пријавениот од државен имот со моторна пила извршил бесправна сеча на дабово огревно дрво, ги натоварил на трактор и без документација ги однел во дворот од неговата куќа.

 

На 05.10.2026 во 18:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.Е.(63) од Куманово, затоа што при преглед во неговото возило биле пронајдени огревни дрва без жиг и испратница. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 05.10.2026 во 19:40  часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.З.(37) од Скопје. При извршен преглед во неговото возило биле пронајдени 94 графички картички без документи. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 05.10.2026 во 19:15 часот на улица „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.С.(76) од Охрид, кој претходно во семејниот дом, физички нападнал член на неговото семејство, а потоа испукал два куршуми во воздух од пиштол. При увид и претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид го пронајдоа и одзедоа пиштолот и по целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 05.10.2026 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 13:40 часот не застанал со мотоцикл на даден знак за запирање и со мотоциклот удрил во полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.10.2026 околу 13:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир бил опожарен контејнер за отпад, а од пожарот било зафатено и патничко возило  „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р.(28) од Скопје. Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

 

Мени за пристапност