Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 07.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 07.10.2026

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ц.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 15.09.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, гранки и семки од растението канабис и дигитална вага.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 28.08.2026 во Тетово, пријавениот физички нападнал 11-годишно дете од Тетово.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.О.(61) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 25.06.2026, пријавениот на социјална мрежа објавил содржина со која се предизвикува омраза, раздор и нетрпеливост. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против В.Ц.(48) од с.Долни Манастирец, Општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 18.09.2026 во с.Долни Манастирец, пријавениот од небрежност предизвикал пожар од искрење додека работел со апарат за заварување.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ж.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.12.2025, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.А.(36) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 03.10.2026 во Тетово, во семејниот дом, пријавениот со нож упатил закани кон неговата мајка и кон роднина.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против И.А.(46) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. На 20.08.2026, пријавениот постапил спротивно на решение од Основен суд Штип и ја прекршил изречената мерка за забрана за приближување.

 

На 06.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.М.(25), А.Е.(18) и М.Џ.(27), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 06.10.2026 во 06:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(59) од Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(29) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(48) од с.Батинци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген пасат“, додека со телесни повреди 29-годишната Т.Р., констатирани во Јавна здравствена  установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 06.10.2026 околу 18:00 часот  во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, во населба Перо Чичо, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(29) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.К.(49) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди 29-годишната С.С., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

 

На 06.10.2026 во 15:10 часот, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 71-годишната Е.Д. од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека не го почитувала решението од Основен суд Велес за забрана да му се приближува, заканува и да го малтретира нејзиниот 66-годишен девер, односно му упатувала навреди. Исто така, таа пријавила дека  во дворот од домот, нејзиниот девер Н.Д. физички ја нападнал. По целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 06.10.2026 во Полициското одделение Ростуше, 17-годишна девојка од гостиварско, во присуство на родител, пријави дека во изминатиот период добивала закани и била физички и психички малтретирана од нејзиниот невенчан сопруг И.У.(23), неговата мајка Д.У.(53) и неговата 15-годишна сестра, сите од гостиварско село. Истиот ден, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше ги лишија од слобода И.У., Д.У. и малолетничката и по целосно целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 06.10.2026 во 19:30 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на крстосница од ул.„Галичка“ и ул.„Ресавска“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ.(43) од Кавадарци и електричен тротинет, управуван од Н.Д.(51) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот Н.Д., констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

 

На 07.10.2026 во 03:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода К.А.(35) од гостиварско село. Тој бил пријавен од неговата 37-годишна сопруга дека во нејзиниот дом физички и вербално ја нападнал и ѝ упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 06.10.2026 во 16:50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Г.К.(39) од село Долна Бањица, гостиварско, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на мобилен телефон, пријавена истиот ден од Б.И. од Гостивар. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 06.10.2026 во 14:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Димо Наредникот“ со ул.„Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од З.М.(64) од Прилеп и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.Г.(44) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот З.М., констатирани во Јавна здравствена установа „Борка Талески“ во Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

 

На 06.10.2026 во 22:25 часот во СВР Тетово е пријавено дека на патот Тетово - Гостивар, патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.М.(28) од Дебар, излетало од коловозот. Притоа, сопатникот Е.Б.(18) од Дебар се здобил тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобиле возачот и останатите двајца сопатници А.Ф.(18) и А.М.(19), сите од Дебар, констатирани во Ургентен центар Гостивар и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Р.(39) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид кај него и во неговиот автомобил „волво“ со охридски регистарски ознаки,  пронајдоа и одземаа кокаин и марихуана.

 

На 06.10.2026 во 21:05 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Штип го лишија од слобода А.Н.(30) од Штип, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 06.10.2026 во 17:40 часот на ул. ,,Димитар Влахов“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Ѓ.(30) од Република Албанија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 06.10.2026 во 18:05 часот во Скопје, пред спортски центар на подрачјето на општина Аеродром, каде се одржувал кошаркарски натпревар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Д.М.(18) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени пиротехнички средства. Исто така, во 19:30 часот во спортскиот центар биле приведени М.Ц.(19) и Д.П.(18), двајцата од Скопје, затоа што сториле прекршок по член 3 од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 06.10.2026 во 11:45 часот во СВР Скопје, А.И.(49) од с.Бојане, скопско, пријави дека во с.Паничари, скопско, покрај реката пронашол неексплодирана рачна бомба. Излезено е на местото од страна на полициски службеници и бомбата е подигната за понатамошна постапка.

 

На 06.10.2026 во 12:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(59) од кумановско село, затоа што агресивно се однесувал и се заканувал на неговата мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 06.10.2026 околу 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар, при што изгорела сува трева и нискостеблеста шума. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и извршија разговор со Р.Ј.(64), кој појаснил дека околу 09:00 часот фрлил пепел позади куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.10.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, С.А.Б.(54) од Скопје пријави дека на 02.10.2026 околу 22:30 часот на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.10.2026 во СВР Скопје, Т.С.(55) од Скопје пријави дека на 05.10.2026 околу 14:30 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од едно лице, кое му нанело повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.10.2026 околу 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Горно Соње, скопско, настанал пожар при што била опожарена викенд куќа и трева. Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на местото и извршија разговор со Д.М.(74), сопственик на викенд куќата, кој појаснил дека со сопругата правеле зимница и во близина на куќата го истуриле пепелот од ќумбето, во кое најверојатно имало жар и си заминале, по што настанал пожарот. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.

 

На 06.10.2026 во 22:50 часот во СВР Скопје, Ш.С. пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари, нејзината 25-годишна ќерка била пресретната од нејзиниот поранешен невенчан сопруг Е.К.(25), кој претходниот ден побегнал од Затвор Струмица, по што физички и со тврд предмет ја нападнал, а потоа насилно ја зел со себе. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.10.2026 во 11:10 часот во ОВР Ресен, 63-годишник од Ресен пријави дека, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од неговиот внук О.М. од Ресен. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

Мени за пристапност