Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 30.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Е. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 05.08.2025 во Штип, пријавениот неовластено употребил банкарска картичка на едно лице и во два наврати подигнал пари. 

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 06.09.2025 во семејниот дом, пријавениот со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на неговиот 51-годишен татко.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Т.(45) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 01.08.2025 во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.И.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 23.07.2025 во Прилеп, пријавениот физички го нападнал Х.М.(29) од Прилеп и му нанел тешка телесна повреда.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(25) од село Синичане, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 03.06.2025  пријавениот преку  социјална мрежа упатил закани по живот на полициски службеник. кој претходно на пријавениот и на неговиот татко им имал издадено платени налози за глоби во врска со сторен сообраќаен прекршок.

 

На 29.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиja од слобода А.И.(29), Н.Ј.(40), В.Ш.(26), И.Ч.(22) и А.Т.(22), сите од Скопје, како и В.Ј.(55) од Република Србија затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја и грутчеста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 29.09.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„60“ во с.Волково, скопско, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(73) од Скопје, удрило во пешакот Ц.С.(55) од с.Волково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 29.09.2025 во 15:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(26) од населба Илинден, скопско, удрил во 76-годишната Н.К. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 29.09.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишната М.П. удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 29.09.2025 во 20:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосницата од ул.„Младинска“ и ул.„Панче Пешев“ во Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Т.(66) од Струмица, удрило во пешакот К.Б.(82) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

 

На 29.09.2025 во 17:17 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола-граница со Република Грција, патничко возило „шевролет” со битолски регистарски ознаки, управувано од О.Ј.(42) од Битола, излетало од коловозот. Во несреќата, О.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола.

 

На 29.09.2025 во 20:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „15 Корпус“ во Охрид, патничко возило „мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(66) од Охрид, удрило во малолетничка. Таа е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ се констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид на местото на изврши увидна екипа на СВР Охрид. 

 

На 29.09.2025 во 16:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврово-Дебар, на место викано Ростушко Анче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,фолксваген бора“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(51) од Дебар, товарно возило ,,мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(59) од Скопје и патничко возило ,,мерцедес“ со грчки национални ознаки, управувано од Б.А.(43) од Република Албанија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „фолксваген бора“, Ф.Ч.(46) од Дебар и сопатникот од патничкото возило ,,мерцедес“, Г.К. од Република Албанија, додека сопатничката од истото возило О.М. се здобила со телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Дебар. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

На 29.09.2025 во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош го лишија од слобода С.Н.(36) од Косово. Имено, по преземени мерки, а по претходна пријава од ЕВН Македонија на 01.07.2025 дека се врши неовластено преземање на електрична енергија, утврдено е дека пријавениот, кој бил сопственик на продажен објект што  претходно го изнајмил, е сторител на кривичното дело „кражба на електрична енергија“. Со него е извршен службен разговор, при што, исто така, констатирано е дека нема регулиран престој во државата, односно престојот му е изминат на 15.09.2025. ЕВР Карпош против него поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје.  

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.К.(60) од велешкото село Бузалково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на Кичево, полициски службеници го затекнале пријавениот при транспорт на огревни дрва со неговото товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, при што е констатирано дека употребил испратница со невистината содржина, издадена од правно лице, а потпишана од одговорно лице, кое повеќе не било во работен однос во правниот субјект.  

 

Денеска (30.09.2025) во 00:50 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Ш.Б.(52) од Скопје затоа што агресивно се однесувал и упатувал закани на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При извршен преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, на совозачкото седиште е пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот против лицето ќе следува пријава по член 144 од Кривичниот законик.

 

Денеска (30.09.2025) во 00:10 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(51) од Скопје, пријави дека од домот се оддалечила нејзината малолетна ќерка М.А.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

 

На 29.09.2025 во 19:50 часот во СВР Скопје, Б.Ф.(49) од с.Радуша, скопско, пријави дека околу 07:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 29.09.2025 во 12:51 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријавила дека во 10:00 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер З.Н.(38). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 29.09.2025 во 21:50 часот во СВР Скопје, Д.Т.(19) од Скопје пријавила дека околу 20:40 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.09.2025 во СВР Скопје, 86-годишна жена од скопско село, пријавила дека околу 12:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзината ќерка Б.И.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 29.09.2025 во 22:20 часот во СВР Скопје, М.Г.(22) од населба Илинден, скопско, пријавил дека околу 17:00 часот на автобуска постојка во с.Марино, скопско, бил физички нападнат од Љ.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 29.09.2025 во 14:21 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од с.Волково, скопско, пријавила дека во с.Волково нејзиниот пријател О.Ц.(47) од с.Р`жаничино, скопско, бил физички нападнат од В.К. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 29.09.2025 во 00:30 часот во СВР Скопје, М.Б.(54) од Скопје пријавил дека околу 19:30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 29.09.2025 во 16:15 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа С.К.(43) од с.Студеничани, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

Мени за пристапност