Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 01.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(44) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.09.2025, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија од СВР Скопје извршиле преглед на патничко возило „фолксваген поло“, управувано од пријавениот, при што е пронајден и одземен хероин.

               

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Х.А.(31) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 24.09.2025, пријавениот во куќата на Г.П. од с.Раброво, валандовско, одзел мобилен телефон, а откако бил забележан од сопственикот, физички го нападнал и побегнал.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Н.(68) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 11.08.2025 во Крива Паланка, куче- домашен миленик на пријавената, нападнало малолетничка и ѝ нанело повреди.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ј.М.(38) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 19.06.2025 на место викано „Долни Шабан“, беровско, пријавениот извршувал работни задачи дотур на дрва со Д.К. од с.Владимирово, беровско, при што во еден момент, откако го стартувал тракторот, се откачило едно дрво и го удрило Д.К по ногата, нанесувајќи му тешки телесни повреди. 

 

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 04.07.2025 на место викано ,,Горен Равнак”, атар на с.Двориште, беровско, пријавениот превезувал нежигосани дрва и без испратница за превоз.  

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Љ.М.(37) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 12.09.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал малолетник.

 

На 30.09./01.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х.(44), Н.Н.(32), Д.Б.(24), С.Т.(32), Л.Ч.(21) и И.Ј.(32), сите од Скопје, како и А.Ј.(24) од Италија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, кафева грутчеста материја и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 30.09.2025 во 17:14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(52) од с.Долно Количани, скопско, удрило во пешакот Љ.В.(54) од с.Агино село, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 30.09.2025 во 13:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, во атар на с.Сушица, општина Петровец, патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Л.Ш. од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ш., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Денеска (01.10.2025) во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ е пријавено дека во периодот од 04:03 до 05:50 часот две лица со употреба на сила отворале паркомати во катна гаража „Разловечко востание“, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на бул. „Кочо Рацин“ и во Градски трговски центар и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.  

 

На 30.09.2025 во 19:00 чaсот на ул. „Козјак” во Битола, полициски службеници од СВР Битола, по наредба од Основен суд Битола, го лишија од слобода Ј.В.(30), кој бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

 

На 30.09.2025 во 20:45 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го приведоа Г.А.(51) од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во 18:30 часот дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен  поднесок.

 

На 30.09.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево бил пронајден починат Љ.Т.(68) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 30.09.2025 во 22:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А.(18) и А.А.(24), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 30.09.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје, А.П.(34) од Скопје пријавила дека околу 15:45 часот на подрачјето на Центар, едно женско лице влегло во нејзиниот стан кој не бил заклучен и од еден паричник одзела пари, а одзела друг паричник со лични документи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Електродистрибуција“ ДООЕЛ Скопје, друштво за дистрибуција на електрична енергија со седиште во Скопје и против С.С.(47) од Куманово, вработен во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тие не постапиле според прописите и техничките правила и не го одржувале во исправна состојба далеководот за селото Мал Папрадник во општина Центар Жупа, ги прекршиле техничките правила за мерките за заштита поради што на 30.08.2025 на ниви во атарот на селото Мал Папрадник настанал пожар и бил доведен во опасност животот и имотот на населението. 

 

 

Мени за пристапност