Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 02.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

               

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Г.(20) од Кавадарци, со престој во Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,тешка кражба“ во обид и ,,тешка кражба’’. На 15.08.2025 во месноста Чамлак во Струмица, пријавениот со употреба на сила и алат влегол во пет викенд куќи, при што во четири извршил претурање, а од една одзел повеќе предмети, но откако бил забележан од синот на сопственикот, предметите ги фрлил во дворот и побегнал.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.А.(42) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 21.08.2025 на булевар „Маршал Тито“ во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од Виница.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.А.(66) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење на оружје или распрскувачки материи“. На 28.05.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени пушка и куршуми.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против У.М.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 10.09.2025 околу 11:30 часот пред Основен суд Кочани, пријавениот упатувал закани на неговите поранешни адвокати, двајцата од Кочани.

 

На 01.10.2025 во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Т.С.(36) од Полска, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 29.09.2025 во 12:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на место викано „Крушеански чаир” во атар на с.Врбјани, прилепско, била пронајдена експлозивна направа. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, експлозивната направа била безбедно подигната и констатирано е дека се работи за рачна бомба од Првата светска војна.

 

На 01.10.2025 околу 09:30 часот во СВР Скопје, Л.Б.(30) од Кичево пријави дека на 30.09.2025 околу 08:20 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Г.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.10.2025 во 13:16 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Р.(41) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна вонбрачна сопруга, дека на 25.09.2025 во семејниот дом физички ја нападнал и ја заклучувал во домот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

 

На 01.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од скопско пријави дека околу 18:20 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(58), за кој Основен кривичен суд Скопје има донесено пресуда и издадено решение за забрана за приближување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.10.2025 во 23:10 часот во СВР Скопје, М.С.(20) од Скопје пријави дека околу 22:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице, при што се здобил со повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Т.(18) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 08.08.2025 околу 19:00 часот и во 20:05 часот на две локации во Кочани, пријавениот физички нападнал двајца малолетници од Кочани.

 

На 01.10.2025 во 23:00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Н.Р.(18) од Скопје. Според пријавеното околу 22.30 часот на подрачјето на Чаир, во Скопје, тој бил физички нападнат од неколку лица, при што се здобил со повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.10.2025 во СВР Куманово, 90-годишна кумановка и 77-годишник од Куманово пријавија дека едно лице се обидело да ги измами. Според пријавеното, лицето им се јавило на телефон и им кажало дека наводно членови од нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои прегазиле дете и ќе треба да дадат одредена сума на пари за да не одат во затвор. Како што е пријавено, тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

 

 

Мени за пристапност