Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 03.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.А.(29) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.04.2025, полициски службеници го забележале пријавениот како на едно лице му продава марихуана, по што кај него се пронајдени пари, а кај другото лице пакување со марихуана. Подоцна, бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пари, марихуана и предмети со остатоци од кокаин.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ш.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и против Д.Н.(51), Н.И.(66) од Скопје, З.А.(42) од Ново Село и В.К.(45) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска извршено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. На 01.10.2024, полициски службеници од ОВР Свети Николе запреле патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Д.Н., а сопатници биле прво, трето, четврто и петтопријавениот. Притоа, во возилото се пронајдени предмети кои се под привремена заштита или културно наследство. Исто така, утврдено дека второ, трето, четврто и петтопријавениот со умисла му помогнале на првопријавениот за прикривање на кривичното дело и ставање на располагање возило за извршување на кривичното дело и превоз на предметите кои се добра под привремена заштита или културно добро.

 

На 02.10.2025 во 18:20 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Д.М.(37) од Виница. Имено, по преземени мерки, утврдено е дека околу 11:25 часот пред угостителски објект во Виница, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Д.М. и И.С.(40) од Виница. Притоа, И.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кочани бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување. Увид на местото изврши екипа од СВР Штип – ОВР Виница, Д.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.10.2025 околу 18:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(62) од Велес, удрило во пешакот Б.Ј.(81) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Ј., констатирани во Општата болница Велес. По наредба на jавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

 

На 02.10.2025 околу 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(74) од Охрид, удрило во пешакот Р.К.(70) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По наредба на jавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 

На 02.10.2025 во 19:15 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, патничко возило „рено“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(66) од Пехчево, удрило во пешакот С.М.(52) од с.Чифлик, пехчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 02.10.2025 во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Пирок-Тетово, во с.Мала Речица, патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од Косово, удрило во полицискиот службеник С.А.(26) од с.Шипковица, тетовско, кој вршел обезбедување на место на сообраќајна незгода. Притоа, со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Клиничка болница Тетово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 

На 02.10.2025 во 10:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, сопственост на странска амбасада и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 02.10.2025 во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, во близина на Ростушко Анче, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(49) од с.Трново, гостиварско, излетало од коловозот. Притоа, со повреди се здобил возачот Х.Б., кој бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на помош. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

На 02/03.10.2025 во атар на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга ги приведоа Н.Т.(37) и К.Ѓ.(31), а на службен разговор во присуство на родител повикаа 15 – годишник, сите од село Мислешево. Тие биле затекнати на локален пат помеѓу селата Требеништа и Мислешево при нелегален транспорт на огревно дрво со возило „мицубиши“ без регистарски таблички, кое го управувал Н.Т.. Откако ги забележал полициските службеници, тој ја зголемил брзината, но набргу го запрел возилото и тројцата се обиделе да побегнат, но биле фатени. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

 

На 03.10.2025 во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски Бранители“ со бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43)  од Прилеп и патничко возило „ауди а3“ со прилепски регистарски ознаки. Според пријавеното, веднаш потоа настанала расправија помеѓу М.Џ. и возачот на возилото „ауди“, кој притоа со остар предмет го нападнал М.Џ. и му нанел убодна рана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 02.10.2025 во с.Скачковце, кумановско, полициски службеници ги лишија од слобода Ј.С.(45) и М.М.(29), двајцата од Свети Николе. При контрола на патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.С., а сопатник бил М.М., кај М.М. се пронајдени и одземени  14 кутии или 392 таблети бупренорфин. При преземање мерки утврдено е дека М.М. издржувал затворска казна во Казнено – поправната установа Затвор Штип и дента бил пуштен на седумчасовно отсуство. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.10.2025 во 13:10 часот во СВР Скопје, А.К.(39) од Скопје пријави дека на 30.09.2025 во 16:10 часот во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Г.Ј., наставник во училиштето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.10.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје - Полициско одделение Шуто Оризари, 48-годишен маж од Скопје пријавил дека малолетник извршил обљуба врз неговата малолетна внука. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.10.2025 во 19:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Бардовци, скопско,  настанал пожар во куќа, сопственост на Д.Т.(88). Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.

 

На 02.10.2025 во 17:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Г.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 54-годишен татко дека околу 15:30 часот во семејниот дом, со употреба на остар предмет упатувал закани кон него и членови на семејството. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 02.10.2025 во 12:00 часот во СВР Скопје, Љ.С.(52) од Скопје пријави дека на 30.09.2025 околу 16.00 часот на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од С.Д., при што се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност