На 29.08.2026 околу 12:40 часот во СВР Штип е пројавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип,54-годишниот В.Л.(54) од Штип управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница во Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.
На 29.08.2026 во 09:55 часот во ОВР Кочани е пријавено дека наа патот с.Облешево- с.Кучичино, 28-годишната А.Ј. од с.Тернци, кочанско управувајќи мопед, изгубила контрола над мопедот и се превртела. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ј., додека со телесни повреди три годишно дете-сопатник, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
На 29.08.2026 во 16:00 часот во СВР Штип, С.Д.(60) од Штип пријави дека околу 13:45 часот во Штип, едно лице физички ја нападнало и и ја одзело чантата, во која имало мобилен телефон и друг предмет. С.Д. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.08.2026 во 13:59 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.К.(39) од Штип. Според пријавеното, со повредите се здобил при извршување на работни задачи во приватна фабрика во Штип. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и Трудов инспектор.
На 29.08.2026 во 15:20 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода В.М.(29) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот во семејниот дом на 40-годишна жена од Кочани, упатил сериозни закани кон неа и нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 29.08.2026 во 11:00 часот во ОВР Кочани, 44-годишна жена од Охрид пријави дека на 27.08.2026 околу 02:00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот партнер, по што таа му возвратила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.08.2026 во 22:00 часот на ул.„13 Ноември“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ј.В.Х.(31) од Холандија, затоа што при прeглед кај него била пронајдена и одзмена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 29.08.2026 во 22:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода Т.М.(27) од Куманово затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.08.2026 во 01:00 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ во автокамп на охридското крајбрежје го приведоа Ѓ.П.(46) од охридското село Пештани. При преглед кај него пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.08.2026 во 03:50 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Пробиштип, 51-годишниот И.Б. од Пробиштип управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал од тротинетот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Б., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
На 29.08.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, Р.С.(29) од Непал, со престој во Скопје пријавила дека околу 15:15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, таа и нејзината сестра, биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
|
|
|
На 29.08.2026 во 18:30 часот на Стадион на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Љ.Т.(60) од Скопје, затоа што за време на натпреварот го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и закани упатени кон играчите на натпреварот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
|
|
|
На 30.08.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, Л.Б.(19) од Скопје пријави дека околу 00:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
|
|
|
На 29.08.2026 во 23:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.К.(32) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 68-годишен татко дека околу 22:30 часот во семејниот дом, со употреба на метален предмет, физички ги нападнал неговите малолетни брат и сестра. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
|
|
|
На 29.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, Ш.Р.(60) од с.Сингелиќ, скопско пријави дека околу 19:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, бил физички нападнат од Р.Ш.(31). По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
|
|
|
|
|
|
|
На 29.08.2026 во 14:43 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Идризово е пријавено дека во кругот на внатрешното шеталиште во установата, Н.И.(42) од с.Тебреште, се качил на бандера и се фатил за жица која била под струен напон, при што паднал. Лекар од Итната медицинска помош констатирала смрт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.08.2026 во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.Д.(57) од с. Жилче, тетовско, по пријава за пукање со огнено оружје. При преземените мерки, во дворот на викенд-куќа биле затекнати четири лица, а кај К.Д. биле пронајдени два пиштоли и поголема количина куршуми. Во дворот биле констатирани и траги од истрели. При извршени проверки, кај К.Д. биле измерени 1,63 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 30.08.2026 во 00:25 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.Ќ.(43) од с.Здуње, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 49 годишна поранешна сопруга од Гостивар, дека претходниот дек околу 20:40 часот во градскиот парк во Гостивар истиот физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 29.08.2026 во 16:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода З.Р.(58) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека дошол во домот на неговата 55-годишна сестра, физички ја нападнал и и упатувал закани. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека З.Р. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,58 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.