Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 29.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 29.08.2026

 

На 28/29.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.М.(27) и А.Ш.(22), двајцата од Скопје и А.А.(51) од Куманово, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.М.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 19.05.2026 полициски службеници при сообраќајна контрола на патниот сообраќај во с.Долно Палчиште, тетовско, сопреле патничко возило  „ауди“ управувано од пријавениот, при што во обид да извршат преглед над лицата во возилото, пријавениот физички нападнал полициски службеник. 

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Е.Р. (34) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 12.08.2026 пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

 

На 28.08.2026 во 17:30 часот на ул. „Републиканска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.П. од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

Нa 29.08.2026 во 02:50 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 46-годишник, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01:30 часот во Струмица физички ја нападнал неговата 44-годишна девојка од Струмица. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 29.08.2026 во 05:00 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Г.Л. (50) од Радовиш. Според пријавеното, тој околу 04:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 17-годишен син, а агресивно се однесувал и кон неговата 50-годишна сопруга. Тој е задржан во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 28.08.2026 во 08:33 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат А-3, во атар на с.Оризари, кочанско,  44-годишната Б.Г. од Кочани управувајќи товарно возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, излетала од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Г., додека со телесни повреди нејзината сопатничка Л.Ѓ.(60) од с.Чешиново, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

              

На 28.08.2026 околу 11:50 часот во ОВР Виница е пријавено дека на крстосницата од ул. „Димитар Влахов“ со ул.„11 Октомври“ во Виница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.М.(56) од Виница и мопед со винички регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница- ОВР Кочани.

              

На 28.08.2026 во 20:42 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Миро Барага“ со ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Д.П.(27) од Пробиштип и патничко возило „ауди“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(39) од Р.Турција, со привремен престој во с.Крилатица, кратовско. Во несреќата со телесни повреди се здобил Д.П., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

 

На 28.08.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 03:45 часот на подрачјето на Центар во Скопје била фрлена запалива течност, при што била оштетена фасада и влезна врата од деловен објект, сопственост на Г.П.(47) од Скопје. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 29.08.2026 во 08:10 часот полициски службеници од СВР Тетово, го лишија од слобода Р.Е. (63) од с.Палатица, тетовско, по претходна пријава од А.Џ. (37) од с.Горна Лешница, тетовско, дека претходниот ден, околу 18:00 часот Р.Е. со дрвен предмет го нападнал неговиот малолетен внук. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 28.08.2026 во 23:35 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Пештани ги приведоа Т.И.(42) и М.И.(36), двајцата од Велес,  Г.М.(52) и А.Т.(45), двајцата од Пештани, П.Б.(21) од Битола и Н.Г.(19), од Прилеп. Тие, за време на јавен настан во селото, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

 

На 29.08.2026 во 01:10 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад на регионалниот пат Струга-Радожда, од слобода го лишија В.И.(39) од Битола. При преглед во неговото патничко возило „мазда“ со битолски регистарски ознаки, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 28.08.2026 во 21:15 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.Ф.(23) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 44-годишна мајка. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 28.08.2026 во 02:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.С.(18) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 28.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од ОВР Неготино извршија службен разговор со И.Д.(28) од Неготино, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени предмети, за кои претходно 69-годишен неготинец пријавил дека биле одземени од товарно возило. Одземеното било вратено на сопственикот.

 

На 28.08.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријави дека на 27.08.2026 околу 23:30 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен сопруг И.С.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 28.08.2026 во 17:10 часот во Полициска станица Кисела Вода во Скопје, извршен е службен разговор со М.М.М.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:30 часот во домот на неговата партнерка, на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, физички ја нападнал и и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

                             

На 28.08.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, А.Б.(43) од Скопје пријави дека подолг временски период, неговиот малолетен син манифестирал страв кога требало да го врати на неговата мајка, која го има старателството над него, затоа што, според пријавеното, била насилна кон детето. Известен е Центарот за социјални работи Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 29.08.2026 во СВР Скопје Д.Т.(23) пријави дека околу 02:10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, бил физички нападнат од К.С. и уште едно лице, кои употребиле тврд предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 28.08.2026 во 12:53 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Будинарци, беровско, опожарени биле овошни насади во сопственост на В.С., З.П. и Ж.Т.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

              

На 29.08.2026 околу 00:25 часот на Градскиот плоштад во Пробиштип, полициски службеници го приведоа Н.С.(50) од Штип, затоа што за време на одржување на музичка манифестација го нарушил јавниот ред и мир, а при извршена проверка, му биле измерени 2,95 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

              

На 28.08.2026 во 21:20 часот во СВР Штип, Ј.М.(62) од с.Врсаково, штипско, пријави дека во неговиот двор настанал пожар на паркирано патничко возило „југо“ со штипски регистарски ознаки, негова сопственост. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

              

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Мени за пристапност