На 29.05.2026 во 22:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул. „Никола Карев“ и ул. „Прохор Пчински“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Х.(31) од с. Визбегово, скопско, мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.Ф.(19) од Скопје и мотоцикл „хонда хдв“ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Б.(21) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ф. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде подоцна починал. По наредба на јавен обвинител возачот Н.Х. бил лишен од слобода. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
На 29.05.2026 околу 17:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека во с.Горно Коњаре, кумановско на крстосница од локален пат што води кон место викано „Бело-Брдо“ и локален пат што води кон место викано „Млинари“, се случила сообраќајна несреќа во која И.Ѓ.(57) од с.Горно Коњаре управувајќи мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки за да не се судри директно со товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Т.(61) од Куманово свртил нагло по што изгубил контрола и заедно со мопедот паднал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 29.05.2026 во 19:10 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на регионален пат помеѓу селата Пирава и Јосифово, валандовско, мопед со гевгелиски регистарски ознаки управуван од Ф.Д.(18) од Гевгелија, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во дрво. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а повредите биле констатирани во Здравен дом Гевгелија. Увид на местото изврши екипа на ОВР Валандово.
На 29.05.2026 во 13:30 часот во село Мокрино, струмичко, од страна на полициски службеници од СВР Струмица – Полициско одделение Ново Село е приведен Ф.И.(32) од Радовиш. Тој се барал по распишана потерница за издржување на казна затвор од 10 месеци, за сторено кривично дело „кражба“. Лицето е спроведено во Казнено поправна установа „Затвор Струмица“ за издржување на казната.
На 30.05.2026 во 00:45 часот во СВР Штип М.Ј.(33) од с.Таринци, општина Карбинци пријави дека на 29.05.2026 околу 21:30 часот на игралиште во с.Таринци нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од С.С. (женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2026 во 17:55 часот во Пробиштип полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Љ.Н.(44) по претходна пријава дека околу 16:00 часот упатувал закани кон У.Т. и нејзиното семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.05.2026 во 13.28 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа во село Матејче сопственост на М.С. Пожарот бил изгаснат од соседите, а А.С.(49) и Н.С.(20) поради тоа што вдишале чад биле пренесени во Општа болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
На 29.05.2026 година во 14:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишиле од слобода лицето Н.Н.(37) од Р.Косово, постспувајќи по претходно распишана телеграма од СВР Тетово во врска со кривично дело по член 236 од КЗ („Тешка кражба“). Лицето е спроведено и задржано во ПС Тетово за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 30.05.2026 во 00:15 часот во СВР Скопје К.К.(26) од Скопје пријави дека во с.Инџиково, скопско бил физички нападнат од неколку лица, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2026 во 19:10 часот во СВР Скопје А.С.(69) пријави дека во с.Волково, скопско по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од В.С.(53) двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2026 во 18:50 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.Ј.(32) од Скопје по претходна пријава дека физички го нападнал Е.Ј.(43) од Скопје и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.05.2026 околу 13:50 часот во СВР Скопје Е.М.(62) од Скопје пријави дека во двор од куќа на подрачјето на Бутел од заталкано зрно од огнено оружје била оштетена пластична маса. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.05.2026 околу 05:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден настанал пожар во помошна просторија во која бил сместен агрегат на продажен објект кој бил поставен на задната страна од објектот. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Нема повредени лица.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.В. (47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’. На 21.10.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на А.В. - син на пријавениот, при што бил пронајден пиштол калибар 7,65мм и куршуми.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Џ. (62) од с.Стримница, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 26.04.2026 по претходно договорена средба околу имотно правни односи, пријавениот упатувал закани на Н.И. и неговото блиско семејство.