СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(36) од Тетово и М.К.(38) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.05.2025 во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија, дрога и оружје Тетово извршиле преглед на второпријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин, кој претходно го набавил од првопријавениот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С. (26), Б.С. (33) и И.С.(63), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 26.10.2025, првопријавениот физички ги нападнал неговите малолетни деца и неговата сопруга, а потоа при негово приведување физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Додека, второ и третопријавениот ги спречувале полициските службеници при вршење службените дејствија.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против K.T.(51) од Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.12.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, управувано од пријавениот, при што во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана.
На 28.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.К.(25) и А.Б.(31), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 28.12.2025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 28.12.2025 во 22:30 часот на Граничен премин Белановце, полициски службеници го лишија од слобода И.К.(37) од Косово, затоа што при извршен преглед во патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени пиротехнички средства. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Т.(20) од с.Камењане, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.06.2025 во Тетово, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје Тетово извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 28.12.2025 во 03:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Ј.(34) од Виница. Во 02:33 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, тој со патничко возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 35-годишната В.Х. од с.Јакимово, виничко, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот е известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Виница. Подоцна, во 05:30 часот, додека бил во полициска станица, Б.Ј. пријавил дека во 02:30 часoт пред угостителски објект на истата улица бил физички нападнат од Д.И. од Виница. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 29.12.2025 во 04:20 часот во СВР Тетово се задржани Д.Џ.(22) од Германија и А.Д.(24) од Швајцарија, а кои претходно се лишени од слобода на Граничен премин Блаце. Тие се пријавени од М.З.(45) од с.Теново, тетовско, дека претходниот ден околу 21:45 часот на автопатот Тетово- Скопје, кај наплатна станица Желино, по кратка расправија, физички го нападнале и му нанеле повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 28.12.2025 во ОВР Гостивар е пријавено дека околу 14:30 часот во с.Дебреште, гостиварско, на место викано Чука, С.И.(37) од с.Дебреште, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на патот. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 28.12.2025 во 11:40 часот на крстосница од ул.„Александар Македонски“ и ул.„Мирче Ацев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Д.(62) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека извршил кражба. При преглед во неговото патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, пронајдени се украдените предмети и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Т.(28) од Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.12.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „хјундаи“ со германски национални ознаки, при што кај пријавениот, кој бил сопатник во возилото, е пронајдена и одземена марихуана.
На 29.12.2025 во 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода, Д.К.(35) физички го нападнал Н.С.(20), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.12.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу С.С.(29) од с.Батинци, скопско и Е.С.(31) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 28.12.2025 во 11:10 часот во СВР Скопје, Д.А.(46) од Скопје пријави дека околу 01:30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.12.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје, А.Р.(42) од Скопје пријави дека околу 17:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.12.2025 во 18:20 часот во СВР Скопје, Т.Л.(19) од Скопје пријави дека околу 02:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое работело како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.12.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(23), А.И.(25) и П.З.(21) од една страна и С.П.(37) и Д.П.(32) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.