Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 28.12.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 27/28.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.С.(43), А.В.(34), Ш.Р.(19), Д.П.(25), А.И.(25), Б.Т.(41) , Б.Д.(44), М.З.(24) , П.К.(20) , М.Ц.(42) и 18-годишната М.К., сите од Скопје, како и К.З.(28) од Гевгелија затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите  ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 27.12.2025 на наплатна станица Глумово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода Ш.М(32) од с.Љуботен, скопско. Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген туран" со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.М. и при преглед на возилото пронајдени се 100 пакувања по 500 грама брендиран дробен тутун без соодветна документација. Тутунот е одземен, лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

На 27.12.2025 во 20:45 часот во с.Маврово, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишија од слобода Б.Д.(33) од Гостивар. Тој се сомничи дека во последните две недели во викенд куќи во Маврово сторил повеќе кривични дела тешка кражба. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

 

На 27.12.2025 во 16:00 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја приведоа Н.М.(55) од с.Челопек, тетовско, затоа што кај неа се пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 27.12.2025 во 10:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека автопатот во изградба Охрид -Кичево, кај влезот за с.Требеништа, општина Дебарца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.П.(47) од Охрид, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) од Скопје и патничко возило „рено канго“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ѓ.(67) од с.Требеништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.С.(59) од Скопје, сопатник од возилото „хјундаи“, а со телесни повреди се здобил возачот З.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и по преземени мерки во 12.55 часот од слобода е лишен возачот В.П. затоа што е констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се  1,25 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава по член 300 од Кривичниот законик.

 

На 27.12.2025 околу 14:30 часот на Граничен премин Ќафасан, полициски службеници го лишија од слобода В.К.(41) од Република Албанија. При гранични проверки и пасошка контрола, тој на полициската службениничка и понудил поткуп, односно преку прозорот од кабината на бирото оставил пари. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 27.12.2025 околу 21:40 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б. од Скопје поради сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Денеска (28.12.2025) околу 03:20 часот полициски службеници од Единицата за Интервентна Полиција при СВР Скопје на ул.„Цветан Димов“ во Скопје лишија од слобода четири малолетни лица, сите од Скопје, поради сомнение дека претходно извршиле кривично дело кражба. Имено, тие претходно насилно од едно женско лице одзеле чанта со документи и платежна картичка. Лицата се спроведени во Полициска станица Бит Пазар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

На 28.12.2025 околу 01:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица- Ново Село, во близина на село Дабиле, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Ц.(42) од село Добрашинци, струмичко, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(27) од село Дражево, струмичко и патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(39) од село Турново, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ц., а со телесни повреди се здобил возачот Д.Д., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.    

 

На 27.12.2025 во 16,00 часот на Плоштад „Методија Андонов Ченто" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода С.М.(48), Л.М.(36), З.М. (49) М.М.(36) и М.О.(41), сите од Прилеп. Тие биле затекнати при продажба на пиротехнички средства, при што од нив се  одземени околу 900 парчиња пиротехнички средства. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.

 

На 27.12.2025 во 16:13 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат  Штип-Кочани, на излез од с.Чардаклија, штипско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 607“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.А.(28) од Радовиш и товарно возило „форд транзит“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од с.Горни Подлог, кочанско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.А., а со телесни повреди се здобил возачот М.Ј. и неговите две сопатнички - Л.Ј.(58) од  с.Горни Подлог и Ц.З.(62) од с.Чифлик, кочанско, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Д.(52) и А.Д.(18), двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.12.2025 полициски службеници извршиле претрес на две локации во с.Богородица, гевгелиско, каде престојувале пријавените, при што биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис.

 

На 27.12.2025 во 10:20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Д.(42) од Прилеп, кој бил баран по наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор во траење од една година. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа  Затвор Битола за издржување на казната.

 

На 27.12.2025 во 16:15 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.А.(58) од Куманово и патничко возило „сеат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(27) од с.Конопница, кривопаланечко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 28-годишната Ј.Т. од Скопје, сопатничка во возилото „сеат“, а со телесни повреди се здобиле возачот Т.Т. и малолетен сопатник од истото возило, констатирани во Општа болница Куманово.  Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.  

 

На 28.12.2025 во 01:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат  с.Липково-с.Отља, кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.Н.(22) од  с.Отља излетал од патот и удрил во ѕид од гаража. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.В.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.11.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 27.12.2025 во 18:48 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионален пат во с.Кадрифаково, светиноколско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, управувано од И.М.(45) од Кочани и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М.(44) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.М., констатирани во Клиничка болница Штип, при што е констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,56 промили алкохол во крвта. Поради сериозноста на повредите тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.      

 

На 26.12.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Григор Прличев“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(52) од Косово, со привремен престој во с.Арачиново, скопско, удрило во три паркирани возила - „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“, сите со скопски регистарскиознаки, во три контејнери и во патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од А.Ј.(24) од Скопје, по што продолжил со движење и на крстосница од бул.„Крсте Петков Мисирков“ со бул.„Гоце Делчев“  удрил во семафор и во уште едно патничко возило во движење „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(29) од с.Долно Лисиче, скопско. Во несреќата, со тешки телесни повреди се зздобил возачот С.Р., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Скопје.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.08.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 28.12.2025 во 02:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во село Добридол, општина Врапчиште,  патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(54) од с.Добри Дол, удрило во порта од двор на куќа, сопственост на М.С..  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

На  27.12.2025 во  21:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Интернационални бригади“ во Скопје настанал пожар на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.  

 

На 27.12.2025 во  11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53-годишната М.С. од Скопје, удрило во пешакот М.Н.(31) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.08.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген поло“, управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

На 27.12.2025 во 16:30 часот во СВР Штип, 31-годишна жена пријави дека ноќта околу 03:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.С. од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 27.12.2025 во 20:16 часот во ОВР Струга е пријавено дека околу 20:05 часот во казино на ул.„Ристо Крле“ во Струга, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. С епреземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.12.2025 во 07:40 часот во Полициската станица Струга, А.А.(1986) од с.Боровец, струшко, пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка А.А.(17), која и претходно се оддалечувала и била враќана. Според пријавеното, таа се сомнева дека заминала кај лицето М.С.(20) во Кавадарци со кого била во љубовна врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

Мени за пристапност