Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 29.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 29.10.2026

 

На 28.10.2026 во Скопје, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Ф.(24) и А.А.(65), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против малолетник од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.10.2025 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над малолетникот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

 

На 28.10.2026 во 12:30 часот во ОВР Прилеп, од Казнено - поправната установа Затвор Прилеп е пријавено дека при вршење претрес кај осуденото лице М.Б.(39) од Велес била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.                 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ќ.Ц.(48) од с.Калиманци, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.10.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди.

 

На 28.10.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот Ф.А. од Скопје, удрило во 50-годишниот Д.Ф. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“  во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривичнио дела „телесна повреда“ и „насилство врз дете“. На 25.10.2026, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет ја нападнал неговата вонбрачна партнерка, а физички ја нападнал нејзината малолетна ќерка.

 

На 28.10.2026 во 14:45 часот на ул.„Драган Димески”во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Џ.П.(44) од Прилеп затоа што при преглед кај него била пронајдена  грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Т. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“. На 10.10.2025, пријавениот поднел барање за издавање на возачка дозвола со образложение дека претходната ја изгубил, а при проверка било констатирано дека претходната возачка дозвола му била одземена од полициски службеници во Грција.

 

На 28.10.2026 во 11:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода В.З.(26) од Кочани затоа што при преглед кај него е пронајдено и одземено пакување со марихуана. Известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.Т. од с.Кучица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење“. Пријавениот, во нива негова сопственост во с.Чардаклија, штипско, изградил објект без претходно издадено одобрение за градење од надлежен орган.

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ф.К.(32) од с.Страхојадица, скопско, З.Ј.(18) и К.Б.(18), двајцата од Скопје и А.А.(37) од Кочани, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода. Под дејство на алкохол возел Г.Ј.(44) од с.Оризари, кочанско. Додека, С.П.(50) од Охрид управувал возило, иако имал изречена активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против И.С.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во државна сопственост во атарот на дебарското село Гари, неовластено, без соодветно одобрение и друга потребна документација издадена од надлежен Државен орган, изградил објект за домување.

 

На 28.10.2026 во 21:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ј.А.(35) од Велес. Тој се сомничи дека од куќа во Велес, во која привремено престојувале две лица, одзел пари, телефони и други предмети. Дел од одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Ј.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 28.10.2026 во 18:45 часот во струшкото село Октиси, полициски службеници од оВР Струга ја лишија од слобода Л.Р.(27), постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнала А.Р.(46) од истото село. Таа на полициските службеници им кажала дека користела марихуана и им ја покажала заедно со една метална дробилка, кои ѝ биле одземени. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветни пријави.

 

На 28.10.2026 во 21:10 часот во Градско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода А.О.(27) од Битола,  кој издржувал казна затвор, а во моментот користел отсуство. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, марихуана и таблети. Известен бил јавен обвинител, А.О. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Скопје и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ј.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „Црвена застава“ калибар7.65милиметри и 25 куршуми од различен калибар.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ј. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Пријавениот, во својство на физичко лице, на почетокот на 2026 година, преку користење на своето влијание, од две лица од Гостивар зел пари за да влијае да се стекнат со возачка дозвола без да се појават во постапка за стекнување на возачка дозвола.

 

На 28.10.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во координација со Шумска полиција, во атар на село Возарци, кавадаречко, извршија контрола на товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(36) од Кавадарци, кое било натоварено со огревни дрва. По преземени мерки било констатирано дека во возилото има натоварено повеќе огревно дрво од количината за која З.Ѓ. поседувал документација. Дрвата биле одземени и предадени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Кавадарци, за понатамошна постапка. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 27.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.Б.(53) од село Василево, струмичко, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. На 28.10.2026, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени 13 бели печурки за кои постои сомневање дека содржат психоактивни својства и кои ќе бидат предмет на понатамошно вештачење. Б.Б е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 28.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода E.B.(19) од Струмица затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 28.10.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од Скопје пријави дека подолг временски период неговата 48-годишна сопруга физички и психички ја малтретирала нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д. од с.Злетово, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама‘‘. Во периодот од 20.08.2024 до 15.01.2026, пријавениот лажно прикажал факти пред едно лице и на тој начин го довел до заблуда преку брз трансфер за пари да изврши 18 уплати кон лица во Индонезија, Турција, САД и Индија, со што го измамил бил оштетен за сума од 860.000 денари.

 

На 28.10.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, Т.Ј.(36) од Скопје пријави дека околу 09:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште, додека била на голем одмор, малолетник од истото училиште ја допирал по телото. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.

 

На 28.10.2026 во 12:20 часот во СВР Скопје, Б.М.(25) од Скопје пријави дека околу 08:40 часот на пешачки премин на подрачјето на Карпош во Скопје, додека бил во неговото возило, едно лице удирало по возилото, а потоа и физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.10.2026 околу 21:30 часот во с.Ржаничино, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.М.(29) од с.Страхојадица, општина Зелениково, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок

 

На 28.10.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(35) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна сопруга дека физички ја нападнал и со тврд предмет оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Пријавениот, од февруари до октомври оваа година вршел полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години.

 

На 28.10.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 12:30 часот во Студенскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје настанал пожар на бојлер. Студент со противпожарен апарат го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 28.10.2026 во СВР Скопје, Б.Ш.(50) од Скопје, вработена во средно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, пријавила дека, додека била на своето работно место, била физички нападната малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.10.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(18) од с.Бразда, скопско, пријави дека во 23:45 часот во казино на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, со тврд предмет бил нападнат од А.Ѓ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. .

Мени за пристапност