Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 28.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 28.10.2026

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Х.С.Ј.(36) од Египет поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Тој го сторил делото на 26.10.2026 во хостел во Охрид, каде престојувал, односно при згодна прилика одзел мобилен телефон и пари од други гости во хостелот, по што, избегал. По преземени мерки, истиот ден во 14:00 часот на автопатот Тетово-Скопје, полициски службеници од СВР Охрид, од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство и од СВР Тетово го лишил од слобода, по што од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид му одреди мерка притвор во траење од осум дена.   

 

На 27/28.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.Т.(43) и В.Ш.(27), двајцата од Скопје, Н.Р.(24) од с.Идризово, скопско, Б.Р.(28) од с.Кондово, скопско и М.Л.(20) од Делчево затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и материја со кафеава боја. По целосно документирање на случаите,  против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.   

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З. од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 13.08.2026 на отворен простор во с.Желино, пријавениот запалил оган, при што опожарил разновиден отпад.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Ќ.С. од демиркаписко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи “. На 01.06.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле тромблонски куршуми за кои немал дозвола.

 

На 27.10.2026 околу 12:00  часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Љубанци, скопско, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот И.Ш. од Скопје, удрило во 77-годишниот пешак А.К. од с.Љубанци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава со против А.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Полициски службеници го забележале пријавениот како сокрил кутија, во кој при преглед била пронајдена и одземена марихуана.

На 27.10.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 23:40 часот на улица „Вардарска“ во Велес, патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки управувано од Б.Т.(27) од Велес, излетало надвор од коловозот и удрило во дрво. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Д.П.(27) од Велес, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 35-годишната А.М. од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 09.08.2026 во кумановско, пријавената физички нападнала полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.К. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Имено, на катастарска парцела во Тетово во сопственост на државата, пријавениот изградил објект од тврда градба без претходно одобрение издадено од надлежен орган.

 

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основно јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ј.(47) од Радовиш поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „даночно затајување“ по член 279,  и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 и „бесправно градење“ по член 244-а и против А.Ј.(71) од с.Коџалија, радовишко, поради постоење на основано сомневање дека сторила кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик. Во периодот од 29.10.2019 до 02.11.2021, првопријавениот И.Ј., како лице ополномоштено на банкарска девизна сметка на неговата мајка, второпријавената А.Ј., на сметката во една банка примиле 579.015 евра или 35.609.422 денари од физичко лице од Германија и не ги пријавиле како приход, согласно Законот за данок на личен доход, со намера да избегнат делумно или целосно плаќање на данок.  Од извршената контрола од УЈП е утврдено дека пријавените затаиле вкупен данок од 3.182.066 денари со вклучена камата. Првопријавениот И.Ј., приносите ги користел за изградба на бесправен недвижен имот и за купување на движен имот во државата, притоа прикривајќи го фактот дека потекнуваат од таков извор и на тој начин ги сторил и кривичните дела „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „бесправно градење“.

 

На 27.10.2026 во 18:50 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Д.Е.Х.(24) и М.А.(23), двајцата од Алжир, постапувајќи по претходна пријава од С.Ј.(23) од Скопје, сопственик на угостителски објект на подрачјето на Аеродром во Скопје, дека околу 16:00 часот од шанкот во објектот му одзеле пари. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 27.10.2026 во 21:50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Р.А.(36) од Штип. При преглед и контрола во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

На 27.10.2026 во 11:10 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 62-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга. Тој е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 27.10.2026 во 16:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 43-годишен жител на село, постпаувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 28.10.2026 во 04:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Е.Ф.(39) од тетовско село., постапувајќи по претходна пријава од неговиот 61-годишен татко дека околу 01:00 часот физички го нападнал и искршил стакло од врата. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 27.10.2026  во  20:00 часот во СВР Скопје, Н.П.(42) од Србија, со престој во Скопје, пријавил дека во периодот од 12:00 до 18:00 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје му било оштетено паркирано патничко возило „шкода камик“ со српски национални ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.10.2026 во 14:40.часот во СВР Скопје, Д.П.(55) од Скопје пријавил дека на 26.10.2026 околу 21:15 часот во маркет на подрачјето на Карпош во Скопје, со метален предмет бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.10.2026 во 22:45 часот во СВР Скопје, К.В.(36) од Скопје пријавил дека околу 19:30 часот на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.10.2026 во 01:15 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Д.А.(42) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, а при преглед кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Д.(45) од тетовско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда’’ и „загрозување на сигурноста“. На 21.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата 42-годишна сопруга, а со остар предмет упатувал закани на неговиот 21-годишен син.

 

На 27.10.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Р.(55) од село во општина Липково затоа што физички ги нападнал неговата ќерка и сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.К. од с.Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катастарска парцела во катастарска општина Голема Речица, на место викано „Дубрава“, пријавениот изградил три објекти без соодветно одобрение за градење и техничка документација.

 

На 27.10.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишија од слобода С.Д.Б.(41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека во локалитет „Камени кукли“  се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје.  По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(19) од с.Јажинце, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 13.03.2026, пријавениот со неговото патничко возило удрил во Х.С.

 

На 27.10.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишија од слобода А.С.(27) од с.Лојане, општина Липково. Тој бил затекнат во с.Лојане при обид да купи дрога од Б.М.. Во обид да извршат проверки над нив, Б.М. го стартувал патничкото возило „бмв“ и од прозорец нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, по што побегнал. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С. од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. На 05.10.2026 во семејниот дом, пријавениот постапил спротивно на решението од Основен суд Крива Паланка за заштита од семејно насилство.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.С. од Делчево, директор на Јавно комунално претпријатие „Брегалница“ - Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување‘‘. Пријавениот, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што во текот на јуни и јули 2025 година, без согласност од раководител, одобрил вработена да искористи 15 работни денови од остварени вишок работни часови, а кои всушност ги немала изработено.

Мени за пристапност