Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 27.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 27.10.2026

 

На 26.10.2026 во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.З.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот,  против него  ќе следува соодветен поднесок.   

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(18) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 17.10.2026 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки од со 44 парчиња муниција.   

 

На 26.10.2026 во 18:19 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(62) од Скопје, удрило во 81-годишната Р.А. од с.Стајковци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.А., која од здобиените повреди подоцна починала во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Р.(31) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 31.07.2025, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршија контрола во угостителски објект на улица „Наум Охридски“ во Охрид, при што кај пријавениот пронајдоа и одземаа кокаин.    

 

На 26.10.2026 во 12:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосница од ул.„5 Ноември“ со ул.„Крушевска Република“ во Струмица се случила помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(28) од с.Радичево, општина Василево и патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(57) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.С., а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници М.М.(58), А.Ф.(37), 56-годишната М.М. и 38-годишната М.Ф., сите од Струмица, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

 

На 26.10.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица која води кон паркинг простор на бул.„3 Македонска бригадa“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(22) од Гевгелија, удрило во 67-годишниот В.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Д., констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 19-годишник од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.  На 08.09.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот кој го користел во Струга, пријавениот бил пронајден со 16-годишна малолетничка од Скопје. Малолетничката е предадено на претставници на Центарот за социјални работи од Струга за натамошна постапка.   

 

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Б.(26) и М.Б.(32), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.07.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што биле пронајдени и одземени две дигитални ваги и исушени цветови од растението канабис.   

 

На 26.10.2026 во 14:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Г.Т.(56) од Штип. Според пријавеното, на 24.10.2026, по кратка расправија, физички го нападнал неговиот 79-годишен татко, кој потоа се обидел да побегне со возило, по што Г.Т. го следел со неговото возило и го удрил со намера да го исфрли од коловозот. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 04.09.2026 во казино, пријавениот физички нападнал лице од обезбедувањето во казиното.   

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Сите лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Г.Ѓ.(34) и 17-годишник од Скопје, Џ.Б.(23) од с.Грчец, скопско, Ш.Х.(24) од с.Страчинци, скопско, О.Ф.(22) од с.Врапчиште, гостиварско и Р.А.(18) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

На 26.10.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Чаир во Скопје, едно лице со закана од огнено оружје кон вработената го одзел дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.К.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 03.08.2025 на паркинг простор во Охрид, пријавениот на две лица им овозможил да користат на марихуана.    

 

На 26.10.2026 во 11:40 часот во СВР Скопје, Д.И.(80) од Скопје пријавил дека во 11:00 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.10.2026 во 16:45 часот во СВР Скопје, А.К.(44) од Скопје пријави дека во подрумски простории на подрачјето на Карпош во Скопје, сопственост на нејзиниот покоен татко, биле пронајдени рачни бомби и муниција од различен калибар. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а пронајденото било подигнато за понатамошна постапка. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.М.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 01.09.2026, пријавениот на социјална мрежа објавил коментар со кој поттикнувал омраза и насилство.

 

На 26.10.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје, А.Љ.(21) од Скопје пријави дека на 18.10.2026 околу 18:10 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 26.10.2026 во 18:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна познаничка дека ја измамил за сума од 1.558.300 денари. Според пријавеното, претходно се договориле и подигнале станбен кредит од банка, а по завршување на процедурата ѝ ги земал парите и не сакал да се види со неа. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Ј.(68) од с.Бешиште, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.09.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени стебла од растението канабис.   

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.М.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин и  „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 23.09.2026 на ул.„Маршал Тито“ во Штип, пријавениот со употреба на физичка сила одзел паричник со лични документи и банкарска картичка од едно лице, а подоцна во продажен објект извршил една успешна транскација.

 

Денеска (27.10.2026) во 09:18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул.„Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла нејзината мајка О.А.(76), без знаци на живот. Од страна Итна медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство. Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција. СВР Скопје презема мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С.(59) од с.Елшани, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 03.08.2026 во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

 

На 26.10.2026 во СВР Велес,  од Центар за социјални работи Велес било пријавено дека од

стручна служба во основно училиште во Велес биле известени дека кај нивна ученичка биле забележани видливи повреди, по што кај детето бил извршен  лекарски преглед. Во врска со пријавеното, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 57-годишна велешанка, законски старател на детето, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.А.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. На 02.10.2025 во напуштена куќа на подрачјето на Шуто Оризари, пријавениот извршил обљуба врз малолетничка.  

Мени за пристапност