Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 26.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 26.10.2026

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 28.10.2025 и 01.11.2025, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

На 25/26.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Т.Ц.(28), Ф.М.(36), Р.И.(35) од Скопје и С.С.(38) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 25.10.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг И.А.(35) физички ја нападнал нивната малолетна ќерка и им упатил закани на двете. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(23), А.И.(25) и Ш.Ш.(28) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.09.2026 кај место викано „Равенски Порој“, тетовско, по претходна расправија и недоразбирање во сообраќајот, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што употребиле и метални предмети. 

 

На 25.10.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање, С.Б.(32) и А.К.(23), двајцата од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(28) од с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 26.05.2026, во дворот од семејната куќа на Н.Т. во с.Порој, тетовско, пријавениот му упатувал закани со огнено оружје.

 

На 25.10.2026 во 14:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.В.(79) од Скопје и К.Н.(47) од Велес. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.Г.(42) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука”. Во периодот од 25.09.2026 до 06.10.2026, пријавениот постапил спротивно на судско решение со кое му било забрането да ја малтретира, вознемирува и да ја контактира на кој било начин неговата сопруга.

 

На 25.10.2026 во 11:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.С.(33) од гостиварско село. Претходно, тој бил пријавен од неговата 48-годишна сопруга од Гостивар дека околу 02:00 часот, по кратка расправија, насилно влегол во станот, ја оштетил балконската врата и потоа физички ја нападнал и ѝ нанел повреда. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На  24.10.2026  во  13:40 часот во СВР Скопје, В.П.(18) од Скопје пријавил дека на  22.10.2026  околу 17:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Чаир во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Б.А.(19) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Р.(53) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 15.09.2026 во просторија во високо образовна институција во Куманово, пријавениот физички го нападнал А.А., двајцата вработени во установата.

 

 На 25.10.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, И.А.(42) од с.Сарај, општина Сарај, пријавил дека на 24.10.2026 во 00:50 часот во сендвичарница во Сарај, неговиот роднина Б.А. со закана со остар предмет му одзел парите. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четворица управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.К.(24) и К.Е.(42) двајцата од Скопје, Б.О.(62) од Куманово и А.Ј.(18) од с.Боротино, општина Кривогаштани. Под дејство на алкохол возеле Г.З.(34) од с.Косевица, општина Македонска Каменица и М.В.(41) од с.Пчиња, кумановско, кој имал и активна забрана за управување на возило. Додека, пак, Ф.В.(28) од Скопје, управувал патничко возило со активна забрана за управување на возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против 15-годишник од Штип и А.М.(18) од Струмица, со престој во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „насилство врз дете“. На 15.09.2026 во Штип, пријавените физички нападнале 15-годишник, при што првопријавениот снимал со мобилен телефон. Додека, на 19.09.2026 за време на манифестација во Штип, пријавените повторно го пресретнале 15-годишникот и му упатувале закани. На 17.09.2026 во двор од образовна установа во Штип, пријавените физички нападнале 16-годишник.

 

На 25.10.2026 во 12:25 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(55) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна вонбрачна сопруга дека, по кратка расправија, ја нападнал со остар предмет и ѝ упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.10.2026 во 13:45 часот во близина на еден автокамп во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Н.М.(18), П.Д.(30) и С.Д.(25), сите од Охрид. Тие се затекнати по извршена тешка кражба во кампот и како со два мопеди, за кои немале соодветни документи, вршат транспорт на одземените предмети. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против К.Ш.(19) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и „загрозување на сигурноста“. На 24.09.2026 и 27.09.2026, пријавениот постапил спротивно на судско решение да ја вознемирува и комуницира на кој било начин со неговата поранешна 18-годишна девојка од виничко.

 

На 25.10.2026 во 17:25 часот во СВР Тетово, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Г.Ш.(23) од с.Градец, општина Врапчиште. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од четирицикл со германски национални ознаки, кој го управувал на шумски пат над с.Горјане. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

На 25.10.2026 во 21:00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода М.Д.(49) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.К.(44) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На ул.„Кичевска“ и на ул.„Охридска“ во Битола, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

На 25.10.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје, 35-годошен маж од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека околу 23:00 часот во неговиот дом со употреба на физичка сила влегле две машки лица, кои со огнено оружје упатиле закани на него и неговата сопруга, по што одзеле пари од дневниот промет од правно лице-брза пошта каде што работела неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

Денеска (26.10.2026) околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле службен разговор со А.В. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека упатувала закани по телефон на Ф.В.(36) од Скопје, сопственичка на фирмата во која порано работела, и дека со употреба на физичка сила ја оштетила влезната врата од фирмата  и внатре во објектот истурила запалива течност. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.      

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.М.(28) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 19.09.2026 во угостителски објект во Штип, пријавениот физички ја нападнал неговата партнерка, а подоцна упатувал закани на полициски службеник кој постапувал по пријавата.   

 

На 25.10.2026 во 23:35 часот во СВР Скопје, Ф.Џ.(25) од Скопје пријавил дека околу 21:10 часот во Средно Нерези бил физички нападнат од едно машко лице, кој фрлил тврд предмет кон него и му го оштетил неговото патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (26.10.2026) во 02:00 часот во СВР Скопје, С.И.(25) пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари, тој и неговата 21-годишна сопруга А.Ч., двајцата од Скопје, биле физички нападнати од М.Х., И.Х. и М.„Н“.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност