На 25.10.2026 на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Б.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 24.10.2026 во 20:10 часот во населба Тризла во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.Р.(22) и 16-годишен малолетник, двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај двајцата била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.10.2026 во 09:00 часот во ОВР Прилеп, Р.К.(58) од с.Ореовец, прилепско, пријавил дека на место викано „Леково“ во атар на с.Ореовец пронашол експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола констатирал дека се работи за перка од минофрлачка граната калибар 82мм и безбедно ја подигнал. Извршен е увид.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.М.(25) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.08.2026 во угостителски објект во Тетово, пријавениот со нож го нападнал А.А. од Тетово и му нанел повреда на раката.
На 24.10.2026 во 16:20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Чегране, на влез за с.Чајле, 47-годишниот Б.А. од с.Чајле, управувајќи мопед со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал со мопедот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител Б.Н.(50) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“. Прво и второпријавениот од 2020 до 2026 година во повеќе наврати извршиле неовластена купопродажба на хемикалии, чиј промет е ограничен, без притоа да ги поседуваат потребните одобренија и решенија за промет на големо.
На 24.10.2026 во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 15:10 часот во место викано „Рибник“ во атар на с.Сенокос, прилепско, Е.И.(46) од с.Сенокос се здобила со тешки телесни повреди додека вршела земјоделски работи во нива. Според пријавеното, таа и нејзиниот сопруг С.И. ги собирале цревата од системот капка по капка со помош на самоизработен механизам приклучен на трактор, при што во еден момент била повлечена од механизмот и се здобила со повредите. Таа била пренесена во болницата во Прилеп за укажаување помош, а увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп. Се работи на расчистување на случајот.
На 24.10.2026 во 16:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје настанал пожар во импровизиран објект и контролна табла од која бил управуван кран, сопственост на правно лице од Скопје, а бил сместен помеѓу две згради во изградба. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. увид бил извршен.
На 24.10.2026 во 13:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.А.(35) од Велес. Тој се сомничи дека од домот на 35-годишен велешанец одзел разни предмети. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.10.2026 во 14:10 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15 - годишен малолетник од с.Боговиње, тетовско. Подоцна, во Полициската станица Тетово се самопријавиле С.М.(42) и неговиот 16-годишен син, двајцата од с.Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка. Според изјавата на С.М., настанот се случил околу 13:45 часот во с.Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетниот син. Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
На 24.10.2026 во атар на с.Пласница, Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода Е.М. од с.Преглово, Македонски Брод. При контрола извршен со Шумска полиција, полициските службеници затекнале трактор со регистарски ознаки од Македонски Брод, управуван од Е.М., при што во приколката биле пронајдени и одземени седум метри кубни огревно дрво без жиг. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.10.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од скопско пријавила дека на 23.10.2026 околу 20:00 часот во викенд куќа во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот партнер М.З.(57). По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 25.10.2026 во СВР Скопје, Ф.В.(27) од Скопје пријавил дека во 01:14 часот на работното место во Градскиот трговски центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.10.2026 во 03:35 часот во СВР Скопје, М.Т.(22) од Скопје пријавил дека околу 03:20 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од А.Д.(21) и Б.Б.(18), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 25.10.2026 во 00:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.(27) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на 24.10.2026 околу 23:00 часот по кратка расправија во семејниот дом, физички ги нападнал неговите родители и неговата сестра. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 24.10.2026 во 18:35, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ј.(53) од скопско затоа што со употреба на тврд предмет ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.