24.10.2026
ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ
На 23/24.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Б.(28), Ф.Ш.(22), Н.Д.(20), Д.Б.(24), М.Ч.(24), К.Ѓ.(23), Т.Н.(21) сите од Скопје и Ф.У.(31) од Турција затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, таблети, марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.10.2026 во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.В.(60) од Скопје и велосипед управуван од Б.И.(75) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, додека со телесни повреди возачот на мопедот Д.В., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
СВР Велес поднесе кривична пријава против С.А.(61) од Скопје, со престој во неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.10.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот каде престојувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис.
На 22.10.2026 околу 15:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишната М.А.С. од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 23.10.2026 околу 06:40 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Анте Банина“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(63) од Кочани и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од И.К.(37) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.Б.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 17.10.2026 во семејниот дом во Тетово, пријавениот со остар предмет се обидел да ја нападне неговата мајка, по што ѝ упатил закани по живот.
На 23.10.2026 околу 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, патничко возило „волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Џ.Д. од Гостивар, удрило во диво животно - мечка. Ветеринар од Зоолошката градина Скопје констатирал смрт кај животното. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Б.(46) и С.Б.(72) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.03.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што била пронајдена и одземена муниција.
На 23.10.2026 во 21:30 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.К.(34) од истото село затоа што при преглед кај него била пронајдена тегла со хашиш.
На 22.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.М.(31) од Струмица затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.
На 22.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Џ.Б.(44) и К.Ј.(38), двајцата од Струмица, бидејќи при преглед кај нив била пронајдена марихуана.
На 22.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.А.(36) од Струмица. При преглед кај него, тој доброволно предал пакување со марихуана.
За сите настани е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по нивно документирање, против лицата ќе бидат поднесени соодветни .
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ц.(44) од село Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против И.К.(45) од Битола за сторено кривично дело „кражба“. Првопријавениот, референт за превоз Шумско стопанство „Галичица“-Охрид, постапил спротивно на своите службени обврски и должности и му го предал чеканот за жигосување на второпријавениот и на тој начин му овозможил да го користи при сеча и обележување на дрвна маса без да обезбеди соодветна контрола и проверка на потеклото и не издал соодветна испратница за дрвната маса од местото на сеча до соодветниот магацински склад. На 26.09.2026, полициски службеници од СВР Охрид го затекнале второпријавениот како кон селото Црвена вода, општина Дебрца, со товарно моторно возило „сканиа“ со битолски регистарски ознаки врши транспорт на 14 метри просторни огревно дабово дрво без да поседува соодветна документација, по што ги одзеле и ги предале на претставници на Шумското стопанство „Галичица“.
На 23.10.2026 во 21.10 часот во СВР Штип, 23-годишна жена од Штип пријавила дека околу 01:00 часот била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.Ч.(29) од Штип, со кој била во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје, М.М.(40) од Скопје пријавил дека околу 22:00 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.
На 23.10.2026 во 14:20 часот во СВР Скопје, С.А.(51) од Скопје, вработена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу 12:40 часот во кругот на клиниката, додека извршувала работни задачи, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплексот. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и запознаен е трудов инспектор.
На 23.10.2026 на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.Х.(22), Б.И.(25), А.И.(27), М.Р.(33), М.М.(31) и А.Ј.(24), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што употребиле и стаклен предмет и А.Ј. се здобил со повреди, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.10.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, Г.И.(60) од Скопје пријави дека на 22.10.2026 околу 21:30 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот го познавал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 23.10.2026 во СВР Скопје извршен е службен разговор со 14 годишен малолетник и 16-годишен малолетник, двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава Ш.М.(54) од Шуто Оризари дека на 22.10.2026 околу 23:30 часот пред маркет во Шуто Оризри, физички го нападнале. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 24.10.2026 во 02:20 часот во СВР Скопје, Т.М.(45) од Скопје пријави дека околу 01:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.10.2026 во 22:15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.Д.(48) од с.Галате. При извршена контрола на патничко возило, кое тој го управувал и извршен преглед над него, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно докуметнирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.10.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Ј.Т.(44) од Тетово. При акциска контрола на паркинг пред казино во с.Боговиње, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил, при што биле пронајдени и одземени остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2026 во 11:00 и 13:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.Ш.(21) и А.Ц.(19), двајцата од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека извршиле неколку кражби во подрачјето на Тетово во текот на изминатите две недели. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.10.2026 во 11:30 часот во с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Е.З.(77) од истото село. Тој бил баран со наредба од Основен суд Тетово за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.
На 23.10.2026 околу 14:50 часот на ул.„Маја Угриноски“ во Гостивар, полициски службеници извршиле легитимирање и преглед на лицата А.М.(38) и Б.М.(28), двајцата од Гостивар, при што кај А.М. била пронајдена марихуана. Двајцата се приведени и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2026 во 19:45 часот на регионалниот пат во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане запреле патничко возило и при преглед кај сопатникот О.К.(23) од с.Пирок, тетовско, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било лишено од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2026 во 20:20 часот во с.Калиште, гостиварско, на местото викано „Гури соколеци“, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги лишиле од слобода Н.С.(63) од с.Џепчиште, М.Д.(55) од с.Челопек, З.М.(72) и Н.К.(78) од с.Врапчиште. Тие биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато, при што кај нив биле пронајдени и одземени метален детектор, лопати, копачи и други предмети. Тие се сомничат дека со тоа сториле кривично дело по член 264 од Кривичниот законик - „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или природни реткости“. Сите се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2026 во 22:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода данските државјани Ј.Д.(23) и М.С.(25) затоа што при преглед на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана, додека при преглед над М.С. во чантата била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.