Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 23.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 23.10.2026

 

На 22/23.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници ги лишиле од слобода Ш.Б.(45), С.П.(27), Б.О.(37), А.Т.(29), Л.С.(34), Б.Т.(45), Е.С.(23), сите од Скопје, 14-годишник од скопско, Г.Ч.(33) и Д.А.(19), двајцата од Велес, Н.Ф.(22) од Тетово и А.Ч.(24) од Турција затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 22.10.2026 во 11:15 часот во ОВР Берово било пријавено дека во с.Русиново, беровско, патничко возило „опел“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот Д.Т. од с.Русиново, удрило во ограда од двор од куќа и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.С.(44) од с.Елшани, охридско, констатирани во болницата во Берово. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Берово.

 

На 22.10.2026 околу 20:45 часот во ОВР Виница било пријавено дека на крстосница од ул.„Маршал Тито“ со ул.„Ленинова“ во Виница се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од Д.П.(42) од Виница и патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од П.П.(24) од с.Лески, виничко, кој по несреќата го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.П.(58) од Виница, сопатник од возилото „ауди“, кое го управувал  Д.П. кој се здобил со телесни повреди, како и сопатниците, 39-годишната И.П. и Е.П.(54), констатирани во Итна медицинска помош Кочани и Клиничка болница Штип. По преземени мерки, возачот П.П. е пронајден и лишен од слобода, а при извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница и по целосно документирање на настанот, против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.10.2026 во 21:10 часот во СВР Штип, од Казнено - поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во кругот на затворот биле пронајдени две пакувања со бела прашкаста материја. Полициски службеници излегле на местото, ги подигнале пакувањата и извршиле служабени разговори со неколку лица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 22.10.2026 во 15:28 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип-Велес, пред клучка „Три чешми“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(67) од Штип и патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.Џ.(22) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.А.(41) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 05.10.2026 во семејната куќа, пријавниот физички ја нападнал неговата ќерка и ѝ нанел повреди. Додека, пак, на 18.10.2026 упатувал закани на неговата мајка.

 

На 22.10.2026 околу 10:00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, во правец кон Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(40) од с.Горно Оризари, велешко и товарно возило „мерцедес“ управувано од Д.Т.(61) од с.Славеј, општина Кривогаштани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

 

На 22.10.2026 во 19:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на пат за с.Карамани, битолско, 14-годишен малолетник од Битола, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки изгубил контрола над мопедот и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

 

На 22.10.2026 во 07:17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Ресен, во близина на место викано „Чешмите“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) од Ресен и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(64) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 33-годишната С.Р., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

 

На 23.10.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Ќ.В.(21) од село Кочилари, велешко и С.С.(21) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка. Тие се сомничат дека од објект во близина на село Згрополци, општина Градско, сопственост на правно лице од Скопје,  со употреба на сила и подесен алат одзеле разни метални предмети. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 22.10.2026 во 23:20 часот пред угостителски објект на Градското шеталиште  во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.К.(39) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.10.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода В.Д.(29) од Гостивар, кој претходниот ден бил пријавен од неговата 53-годишна мајка дека во неколку наврати ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

 

На 22.10.2026 во 17:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.А.(20) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка. Според пријавеното, тој по претходен договор, се сретнал со 16-годишна малолетничка со која бил во љубовна врска, и по кратка расправија физички ја нападнал и без нејзина согласност ја внел во возило. А.А. бил задржан во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.10.2026 во 03:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода К.П.(22) од Струмица. При извршен преглед кај него, тој   предал две пакувања со хашиш. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 22.10.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со У.С.(27) од Кавадарци. Претходно, 54-годишен кавадарчанец пријавил дека ја забележал неговата малолетна ќерка со У.С., кој имал судско решение за забрана да ја малтретира, вознемирува или на било кој начин да контактира со малолетничката. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 22.10.2026 во 15:50 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 47-годишен жител на селото. Според пријавеното, тој околу 14:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 53-годишна сопруга, а при преземени мерки кај него се измерени 2,32 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.10.2026 во 16:35 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.М.(33) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека тој не го почитувал судското решение со кое му се забранува да и се приближува, малтретира, вознемирува и контактира со неговата 35-годишна вонбрачна партнерка и преку социјална мрежа ѝ испратил порака. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека С.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.10.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат С.Ј.(62). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство. Извршден бил увид и по наредба на наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.10..2026 во 08:00 часот на улица „Јане Сандански“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода  А.Л.(60) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека пред угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ во Кичево со остар предмет му нанел повреди на К.С.(71) од Кичево и се обидел да му одземе пари. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.10.2026 во 05:15 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода П.А.(35) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.10.2026 во 14:15 часот во СВР Скопје, 43-годишен маж пријави дека неговата поранешна сопруга Л.К., физички ја нападнала нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

На 22.10.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје бил извршен службен разговор со М.Ш.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од М.Б.(37) дека на 22.10.2026 околу 00:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, физички го нападнал нејзиниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.10.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско пријавила дека во нејзиниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот партнер Д.С.(48) од Скопје, кој се обидел да ѝ го одземен мобилниот телефон и да ја нападне нејзината мајка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 22.10.2026 околу 20:00 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека околу 19:30 часот во селото, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Ф.Х.(18) од с.Кондово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.10.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје, Е.Ј.(19) од с.Грушино, скопско, пријавил дека околу 21:45 часот во парк на подрачјето на Бит Пазар во Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

              

На 23.10.2026 околу 00:15 часот во СВР Скопје, Л.Д.(19) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 22.10.2026 околу 22:45 часот на работното место во казино на подрачјето на Гази Баба, С.С. му упатил закани и се обидел да го нападне со остар предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 22.10.2026 во СВР Скопје, 55-годишен маж од скопско пријавил дека во семејниот дом, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од неговиот син С.А.(30). По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 23.10.2026 во 05:30 часот во СВР Скопје, С.А.(37) од Шуто Оризари пријавил дека на 22.10.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.

 

На 22:10.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13:00 часот во с.Тисовица, општина Зелениково, настанал пожар во куќа, сопственост на Р.Е.(37) од с.Тисовица, кој се обидел сам да го изгаси пожарот, но не успеал. Куќата целосно изгорела, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 22.10.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од две лица за сума од 117.000 денари. Според пријавеното, на 21.09.2026 се сретнала со лицата, при што едниот од нив се претставил како вработен во Катастар, и ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат нејзиното семејство да го откупи и приватизира земјиштето кое го користеле, а кое е во државна сопственост. Како што е пријавено, таа  во неколку наврати на лицето му ги исплатила парите, а потоа во Катастар побарала да ја известат за предметот, по што ѝ кажале дека лицето повеќе од две години не е вработен кај нив и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност