На 28.06.2026 околу 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат Скопје-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(75) од Скопје и мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 28.06.2026 во 17:25 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на крстосница од ул.„Кочо Рацин“ и ул.„Христо Герасовски“ во Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н.(22) од с.Дрмени, ресенско и мопед со ресенски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(48) од Ресен. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.
На 28.06.2026 во 13:30 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода О.С.(45) од Украина, со престој во Скопје, затоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидира со мерка „стоп“ по барање на Основен кривичен суд Скопје. Имено, тој допатувал со патничко возило „хјундаи“ со бугарски национални ознаки, а имал активна забрана за управување на возило.
На 28.06.2026 во 14:35 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Вруток, во с.Здуње, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(44) од Гостивар и мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(26) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
НККР Гостивар поднесе кривична пријава против М.Т. (50) за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ врз неговата мајка И.Т. (69), двајцата од село во гостиварско. На 13.06.2026 околу 18:30 часот во дворното место во семејната куќа, пријавениот упатил сериозни закани по животот на неговата мајка.
На 28.06.2026 во 01:15 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.А.(33) од Тетово, затоа што при гранична контрола било констатирано дека возилото „ауди а8“ кое го управувал е предмет на потрага од Интерпол Германија, односно било пријавено за украдено. Возилото е одземено и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.06.2026 во 01:10 часот во село Мешеишта, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа К.Ѓ.(32) од истото село. Тој претходно, во угостителски објект во Мешеишта физички и со дрвен предмет ги нападнал Љ.Ѓ.(57) од Мешеишта и А.С. од струшкото село Враништа, а потоа надвор од објектот оштетил патничкo возило „фолксваген“ со струшки регистарски ознаки. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.06.2026 во 01:30 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.Д.(19) од Тетово затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При преземање мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,33 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.06.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје, П.П.(48) од Скопје пријави дека на игралиште на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од П.„Н“.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.06.2026 околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.И.(26) и С.Ј.(22), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, Р.П.(51) од Скопје пријави дека на 27.06.2026 околу 21:30 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.06.2026 во 10:20 часот во СВР Скопје, Б.А.(72) од с.Љуботен, скопско, пријави дека по претходна расправија, тој, неговиот син и неговата снаа биле физички нападнати од Б.А.(47) од с.Љуботен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.06.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, Џ.И.(29) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир била физички нападнат од нејзината сосетка И.Ф.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од куќа, бил пронајден починат М.Ј.(58) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.
На 28.06.2026 во 19:00 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиja од слобода Д.М.(46) од кривопаланечко село, затоа што физички ја нападнал неговата 37 - годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 28.06.2026 во 16:35 часот во СВР Скопје, И.Е.(74) од Скопје пријави дека околу 14:30 часот во Градскиот парк во Скопје две лица го нападнале со тврд предмет и му одзеле чанта со паричник, пари, лични документи и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.06.2026 во 16:20 часот во с.Ласкарци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.С.(48) од с.Ласкарци, постапувајќи по претходна пријава дека на семејна веселба пукал од пиштол. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.06.2026 во 17:30 часот во ОВР Гостивар, 47- годишна жена од гостиварско село пријави дека на 20.06.2026 околу 13:00 часот во угостителскиот објект во кој работела, дошол нејзиниот сопруг С.М. ѝ барал пари и ѝ упатувал закани. Додека, на 28.06.2026 и испратил порака со заканувачка содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.06.2026 околу 03:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар бил опожарен продажен објект-фурна. Пожарот бил локализиран од сопственикот, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.
На 28.06.2026 во 17:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.В.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 64-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.