Извадок на дел од дневните настани 28.06.2026
На 27.06.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.М.(34) и 17-годишник, двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга ги затекнале децата како спијат.
ОВР Струга поднесен кривична пријава против Ч.Д.(35) од струшкото село Шум, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по чл.201-а од Кривичниот законик. Пријавениот на 15.05.2026 година околу 12 часот, на локален пат во селото Заграчани, физички нападнал 10-годишник од истото село.
На 28.06.2026 во 00:13 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Гостивар, непознато лице кое било со патничко возило „џип“ испукало неколку истрели од огнено оружје, по што заминало кон центарот на градот. Нема пријавено повредени лица, а околу 02:10 часот во ПС Гостивар сам се пријавил А.М. (65) од Гостивар и од него се одземени пиштол „берета“ кој го поседувал со дозвола, една рамка за истиот пиштол со 8 куршуми и една празна рамка за истиот пиштол. По целосно документирање на случајот, против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.06.2026 во 11:00 часот во Тетово, на крстосницата од ул. „Видоје Смилевски Бато“ со ул. „29 Ноември“, полициски службеници од СВР Тетово, ја лишија од слобода Н.Б. (65), државјанка на Република Албанија, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик, а постапувајќи по пријава претходниот ден од 67-годишен маж од Тетово дека бил измамен од женско лице, која лажно се претставувала како универзитетска професорка и на која во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па и биле потребни за лекување. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.06.2026 во 13:00 часот во Кичево, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево го лишија од слобода М.З.(23) од Кичево. При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа засадено стебло канабис, остатоци од канабис и од прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.06.2026 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.М.(24) од с.Градец, Крива Паланка, по претходна пријава дека со неговото возило удрил во возилото на А.А. од Скопје, а потоа му упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.06.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје Е.Л.(55) од Скопје пријави дека на 26.06.2026 околу 18:30 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.06.2026 во 14:10 часот во СВР Скопје У.Р.(25) од Скопје пријави дека во с.Горно Лисиче бил физички нападнат од З.З.(68) од Скопје, кој му се заканувал и со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.06.2026 во СВР Битола е пријавено дека во нива во атар на с.Кукуречани, битолско, е пронајдена неексплодирана граната. Известена е Дирекцијата за заштита и спасување за безбедно подигање на гранатата.
На 27.06.2026 во 21:30 часот полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Џ.Р.(33) и С.И.(33), двајцата од Битола бидејќи при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.06.2026 во 10:25 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.А. (47) од Р.Чешка, кој пристигнал со возило „ролер тим“, затоа што при преглед во возилото биле пронајдени марихуана и други предмети. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.06.2026 во 06:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Е.(50), по претходна пријава дека упатувал закани кон неговата 41-годишна сосетка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.06.2026 околу 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.К.(66) и Н.К.(61) од една страна и Б.К.(41), Ф.К.(18) и А.К. од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.06.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје И.С.(25) од с.Батинци,скопско пријави дека на подрачјето на Гази Баба таа и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од К.Р.(21) од Велес и Р.Р.(25) од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.06.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје И.Т.(36) од с.Црешево,скопско пријави дека на подрачјето на Гази Баба И.Ј. го нападнал физички и му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.06.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје Р.Р.(25) од Куманово пријави дека на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Б.У.(28) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.06.2026 во 15:23 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ново Село,скопско, настанал пожар при што биле опожарени ниви со земјоделски култури и помошна просторија со домашни животни. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема.
На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б.(54) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.