Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 27.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 26/27.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј.(26), М.Ј.(24), М.Т.(37) и М.П.(20), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и таблети. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 26.06.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ пред крстосница со ул.„Ангел Динев“ во Скопје, додека се превезувала во автобус, внатре во автобусот паднала патничката С.З.(52) од Скопје и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 26.06.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“, ул.„Никола Парапунов“ и ул.„Демир Трајко“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(66) од с.Долно Свиларе,скопско и мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.А.(28) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат  Градско- Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес" со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

 

На 26.06.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје Х.И.(27) од с.Црн Врв, општина Студеничани пријави дека на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од С.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.06.2026 во 05:40 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Х.Ј.Е.(44) од Турција, кој управувал товарно возило „рено“ со полуприколка, затоа што при извршена гранична контрола констатирано било дека на увид дал фалсификувани зелени карти. Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка, по што е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. 

 

На 26.06.2026 во 10:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.П.(25) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, по наредба од Основен суд Прилеп, била пронајдена  прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.06.2026 во 10:20 часот во ПС Гостивар, 43- годишен маж од Гостивар пријави кривично дело „измама“. Според пријавеното, пред околу четири месеци, преку негов пријател, тој стапил во контакт со И.Ј. од Скопје. На средба во Скопје, пријавениот му ветил дека ќе му обезбеди возачка дозвола без да полага, барајќи за услугата 1.300 евра и копија од лична карта. Пријавителот во неколку наврати му исплатил вкупна сума од 1.200 евра, но бидејќи ветената возачка дозвола не му била дадена, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.06.2026 во 10:20 часот во СВР Тетово, 67-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од женско лице од с. Неготино, полошко, која лажно се претставувала како универзитетска професорка. Пријавителот во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па и биле потребни за лекување. Но, во меѓувреме дознал дека таа го измамила, по што случајот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Д.(39) и А.Д.(46) од струшкото село Радолишта и против еден малолетник од селото Франгово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик. Пријавените, на 03.05.2026 околу 18 часот, во училишен двор на основно училиште во Струга, физички нападнале две малолетни лица, при што им нанеле телесни повреди.

 

На 27.06.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Велес, го лишија од слобода И.С.(47) од Велес, поради сомнение дека на улица „Александар Македонски“ во Градско, од патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки,  одзел рачен часовник, сопственост на М.А.(46) од Скопје. Одземеното е пронајдено кај И.С. и вратено на сопственикот, а И.С. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 27.06.2026 во 01:40 часот на градскиот стадион во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Д.Т.(26) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.06.2026 во 13:00 часот во СВР Штип, Џ.Д.(35) од Штип пријави дека на 25.06.2026 околу 15:00 часот во дворот од нејзиниот дом во Штип, била физички нападната од М.А. и неговата сопруга М.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 26.06.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош бил пронајден починат Т.Ф.(65) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција.

 

На 26.06.2026 во 14:00 часот во ПС Гевгелија В.П.(64) од Гевгелија пријави дека на 26.06.2026 околу 09:00 часот на нива во Гевгелија,сопственост на правно лице од Гевгелија, додека извршувал работни задачи со трактор, ископал стара авионска граната. Известена е Дирекцијата за заштита и спасување за подигање на гранатата.

 

На 26.06.2026 во 16:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул. „Стив Наумов“ во Струмица, В.К. (40) од Струмица управувајќи патничко возило „фоксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирани возила „пежо“, „цитроен“ и „форд“, сите со струмички регистарски ознаки.  При тоа, В.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од екипа на СВР Струмица, а при тоа е констатирано дека В.К. не поседувал возачка дозвола. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 26.06.2026 во 21:20 часот во СВР Струмица 30-годишна жена од Струмица пријави дека на улицата пред нејзиниот дом во Струмица била нападната со остар предмет од И.А. (женско лице), по претходна расправија на нивните деца. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.06.2026 во 23:30 часот во ПС Гевгелија, 46-годишен маж од Гевгелија пријави дека истиот ден околу 22:00 часот, неговиот малолетен син, кој бил заедно со негови другари, бил физички нападнат од едно лице на ул. „Сава Михајлов“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 26.06.2026 во 14:00 часот во ПС Струмица Ф.Ќ.(35) од с. Нова Маала, струмичко, пријави дека тој и неговиот брат во дворот на семејниот дом во с.Нова Маала биле физички нападнати од Е.Н. и неговите два сина, сите од с. Нова Маала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.06.2026 околу 19:30 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на ул. „Калузлиска“ во Радовиш настанала физичка пресметка помеѓу Џ.Џ.(27) и М.Џ.(30) од една страна и Т.Т.(48) и С.Т.(51) од друга страна, сите од Радовиш. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 26.06.2026 во 22:30 часот во ПС Гевгелија е добиена пријава од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, дека кај нив со возило на Итна медицинска помош Гевгелија бил донесен С.П. (32) од Скопје, кој, според пријавеното, се здобил со повреди од струен удар, додека извршувал работни задачи на викенд- куќа во с. Николиќ, општина Дојран, сопственост на А.Н. од с. Кадино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

 

Мени за пристапност