Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 26.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Б. (37) од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 13.06.2026 во 16:50 часот на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, при преглед кај него се пронајдени амфетамин и амфетамин помешан со метамфетамин.

 

НККР Струга поднесе кривична пријава против М.О. (57) од с. Октиси, струшко, за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Во текот на 2026 година во с.Октиси, тој на државно земјиште бесправно изградил куќа, во близина на постоечки надземни среднонапонски водови, со што ја загрозувал сигурноста во снабдувањето на останатите корисници, а ја загрозил и безбедноста на луѓето и имотот поради нарушено безбедносни растојание од постоечки вод. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение за остранување на објектот.

 

На 25.06.2026 во 21:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола - с.Драгош, кај с.Барешани,  битолско, Ѓ.А.(62) од с.Барешани, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола.

 

На 25.06.2026 околу 15:10 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип, 17-годишен малолетник од Пробиштип, управувајќи мопед со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, запрено од С.С.(52) од Пробиштип. По несреќата, возачот на мопедот бил пренесен во Клиничка болница во Штип, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Пробиштип.

 

На 25.06.2026 во СВР Битола е пријавено дека во 09:50 часот во нива во атар на с.Магарево, битолско, била пронајдена граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата била подигната и било констатирано дека се работи за  артилериска граната со калибар 75 мм. од Првата светска војна.

 

На 26.06.2026 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Јане Сандански“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(31) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(19) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 25.06.2026 во 07:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Орешани - с.Зелениково, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(38) од с.Усје, скопско, удрило во пешакот Н.Б.(78) од с.Студеничани, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

  

На 25.06.2026 во 17:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека додека се превезувала во автобус на територија на населба Пржино во Скопје, во автобусот паднала Ј.С.(68) од Скопје и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 25.06.2026 полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.И.(51), Ф.И.(25), Б.И.(21), Ш.И.(38) и Ш.И.(42), сите од Тетово, членови на две семејства кои живеат во иста куќа, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Имено, според пријавеното, околу 21:30 часот настанала вербална, а потоа и физичка пресметка помеѓу нив, при што Ш.И.(42) со метален предмет ги нападнал роднините Ф.И., Б.И. и А.И. и им нанел повреди. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 25.06.2026 во 18:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Н.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна велешанка дека пред и во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом. Според пријавеното, тој дошол пред нејзиниот дом, ја побарал нејзината ќерка, но таа не била дома, по што физички ја нападнал пријавителката. По преземени мерки било констатирано дека П.Н. бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,11 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 26.06.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје, Л.Ф.Г.Р.(33) од Чиле пријави дека на 25.06.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица, при што едното од нив употребило тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.06.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Љ.(32) и А.С.(23), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.06.2026 во 23:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Т.Д.(55) од Скопје и Д.Т.(26) од велешко, по претходна пријава дека физички го нападнале Г.К.(40) од с.Вевчани, струшко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.06.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 10:40 часот, едно лице кое се претставило како В.Е. и како вработен во државна институција, од два продажни објекти на подрачјето на Центар барал бесплатно да добие производи. Од вработените и сопствениците не му биле дадени бесплатни производи, по што почнал да им упатува закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 25.06.2026 во 06:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т.(43), постапувајќи по претходна пријава дека се обидел да изврши обљуба врз 40-годишна жена, која три дена престојувала во домот каде тој бил потстанар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 26.06.2026 во 02:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на поткровје од зграда на подрачјето на Центар настанал пожар. При обид со противпожарни апарати да го изгаснат пожарот, Д.С.(54) и Б.А.(49), двајцата од Скопје, вдишале чад, по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Подоцна, на преглед се јавиле уште три лица поради вдишување на чад. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.

 

На 26.06.2026 околу 05:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Марино, на излез кон с.Кадино, општина Илинден, настанал пожар на две возила: „фолксваген туарег“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Т.(29) и „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.А.(55). Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.

 

На 25.06.2026 околу 14:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во с.Габревци, радовишко, настанал пожар во куќа сопственост на Р.П. од с.Габревци. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш и Доброволно противпожарно друштво „Мантово“ од Конче. Увид извршила екипа од ОВР Радовиш.

 

На 25.06.2026 во 19:45 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода С.А.(42) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Виница физички ги нападнал неговите сестра, внука и татко. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 25.06.2026 во 15:20 часот во ОВР Гостивар, 22-годишна жена од Гостивар пријави дека подолг период била физички и психички малтретирана од нејзиниот партнер Б.И. од Гостивар. Според пријавеното, пред три години тој ѝ нанел тешка повреда, а на 18.06.2026 повторно физички ја нападнал и упатил закани на неа и на нејзин пријател. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот Б.И., при што била пронајдена ловечка пушка која припаѓала на неговиот покоен татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.06.2025 во 20:45 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода В.А.(47) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека  физички ја нападнал неговата 47 - годишна партнерка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Мени за пристапност