Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневите настани 25.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Б.(27) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.06.2026 на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што тој фрлил кеса со бела прашкаста материја. Потоа, при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.М.(20) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 25.03.2026 во с.Камењане, тетовско, пријавениот со употреба на метален предмет, оштетил ветробрански стакла на две патнички возила и ги искршил прозорците од семејна куќа.

               

На 24.06.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко. Претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, тој изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со  тешки телесни повреди се здобила 16 - годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По налог на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека И.П. го управувал четирициклот без возачка дозвола, по што е лишен од слобода.  По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 24.06.2026 околу 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“, на спојување од влез-излез од објект, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(33) од Скопје и велосипед управуван од М.М.(45) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 24.06.2026 во 21:30 часот на Граничен премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.М.(54) од с.Џепчиште, тетовско, затоа што при гранична контрола и проверка се однесувал агресивно кон царински службеник. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 25.06.2026 во 00:45 часот во СВР Скопје, Ѓ.У.(61) од Скопје пријави дека на 24.06.2026 околу 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од Ф.Д., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.06.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(18) од Скопје пријави дека околу 22:40 часот на неговото работно место во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од А.Љ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.06.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје, Д.В.(40) од Скопје пријави дека околу 23:00 часот во казино во населбата Илинден бил физички нападнат од А.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.06.2026 во 01:25 часот на место викано Нова Петла во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Г.Д.(27) од с.Негорци, гевгелиско, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

На 24.06.2026 во 15:45 часот во СВР Скопје, Т.З.(32) од Скопје пријави дека на 23.06.2026 околу 01:30 часот во Градскиот парк во Скопје, две лица со употреба на физичка сила и одзеле паричник со пари и документи и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.06.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(34) од с.Пакошево, скопско, пријави дека на 23.06.2026 околу 17:00 часот била физички нападната од М.М. и А.Р.(женски лица). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.М.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение за кривични дела ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување” и „поттикнување” и против И.К.(22) од с.Таринци, поради постоење основи на сомнение за кривично дело ,,помагање“. Во текот ноември 2025 година, првопријавениот набавил марихуана и кокаин и ги препакувал во помали пакувања заради продажба, а второпријавениот му помогнал со криење на дрогата. На 15.11.2025 полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин.

 

На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР Скопје, А.А.(42) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир биле опожарени неговото патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на М.М.. Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р.. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 24.06.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Долно Соње-с.Говрлево, скопско, по претходно случена сообраќајна незгода, едно лице физички нападнало полициски службеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.06.2026 околу 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со остар предмет го нападнало Е.А.(42) од Скопје и му нанело повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност