Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 28.05.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.С.(38) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.07.2025 во с.Долно Дупени, ресенско, полициски службеници од СВР Битола извршиле преглед врз пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Е.К.(27), А.Ф.(22), С.А.(23) и Ј.М.(19), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавените, од домот на едно женско лице во село во општина Ранковце одзеле банкарска картичка, по што на 14.11.2025 во седум наврати на четири локации во Крива Паланка извршиле трансакции и се стекнале со противправна имотна корист.   

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против В.С.(38), А.Р.(22), А.А.(23) и Р.А.(22), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“ на дрва. На 06.11.2025 во атар на населените места Беловодица, Тројаци, Царевиќ и Плетвар, полициски службеници од ОВР Прилеп ги затекнале пријавените при  бесправна сеча на дрва.

 

На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во текот на денот ќе биде извршен увид.

 

На 27.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.Д.(39), К.А.(23) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 27.05.2026 околу 19:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионален пат Велес - Скопје, Ј.П.(20) од Велес, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Џ.Ц.(32) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, на катастарска парцела во Катастарска општина Дебар и Катастарска општина езеро Шпиље, во сопственост на АД „ЕСМ“ Скопје, узурпирал земјиште со површина 4.320 м2.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Т.(30) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 15.11.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хероин, а во домот било затекнато женско лице, на коja пријавениот и овозможил да користи дрога.

 

На 27.05.2026 во 22:10 часот полициски службеници од ОВР Дебар ја лишија од слобода 40-годишната С.Р. од дебарско село затоа што претходно во полициска станица лажно пријавила семејно насилство по член 366 од Кривичниот законик, односно лажно пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Б.(36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ по член 239 од Кривичниот законик. На 28.12.2025 пријавениот неовластено присвоил патничко возило, сопственост на авто сервис од Струга, каде бил вработен, а кој претходно  од сопственикот на сервисот имал полномошно за  привремено користење за службени потреби.

 

На 27.05.2026 во 20:15 часот во СВР Скопје, В.Т.(60) од Скопје пријави дека околу 19:50 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од Ј.И.(41) и Т.П.(65). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 28.05.2026 во 00:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 23:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, во двор од куќа на Д.А.(47) од Скопје настанал пожар, при што гореле картони кои ги собирал за продавање за стара хартија, по што сопственикот со соседите Џ.А.(23) и Р.А.(23) почнале да го гасат пожарот. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат, а поради вдишување на чад Џ.А. и Р.А. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.05.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.К.(19), Н.К.(27) и 16-годишник, сите од Скопје, затоа што претходно физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.З.(51) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во периодот од почетокот на 2025 до февруари 2026, на катастарски парцели во сопственост на државата и на трети лица, изградил куќа со деловни и станбени простории, без претходно одобрение за градба.  

 

На 26.05.2026 во 23:45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода О.В.(48) и Б.В.(47), двајцата од Кочани и 21-годишната Н.А. од Кавадарци. Полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал О.В., при што забележале како Б.В. од возилото фрлил кафеава прашкаста материја, која е пронајдена и одземена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 27.05.2026 во 18:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиja од слобода П.Р.(34) и П.А.(31), двајцата од Неготино, затоа што при преглед кај нив, кај П.Р. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

 

На 28.05.2026 во 02:53 часот во СВР Скопје, 59-годишен маж од Скопје пријави дека на паркинг простор пред зграда на подрачјето на Бит Пазар му било запалено задното десно тркало од неговото патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека со запалива течност била посипана задната десна страна од возилото, при што опожарено било задното тркало, кое од страна на соседите било изгаснато. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.05.2026 во 10:15 часот во СВР Скопје, Д.М.(35) од Скопје пријави дека кај Транспортен центар во Скопје, на постојка за такси возила бил физички нападнат од неколку лица, при што едното од нив замавнувало и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.05.2026 во 12:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан во зграда на ул.„Христо Смирненски“ во Скопје настанал пожар. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а од пожарот со повреди се здобил 13-годишник, кој бил во станот. Со возило на Итна медицинска помош малолетникот бил пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“ за укажување на помош. Увид бил извршен.

 

 

Мени за пристапност