Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 28.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А.(38) од с.Сенокос, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.04.2026 во атарот на с.Сенокос, полициски службеници извршиле претрес во семејната куќа на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ш.(21) и Д.Ш.(28), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’. Првопријавениот поседувал пушка ,,ТОЗ-63’’ калибар 16мм иако немал соодветна дозвола и му ја продал на второпријавениот, кој исто така не поседувал дозвола за оружје.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Гостивар и В.Д.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’ и „послужување“. Во текот на 2025, со прикривање на факти, и покрај тоа што била одземена лиценцата за управување со станбени згради, фирмата продолжила да им наплатува на станарите, наводно за извршени услуги (реновирање и уредување во внатрешни простории на зградата) при што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 208.500 денари на име резервен фонд. Додека, второпријавениот неовластено се послужил со паричните средства во износ од 208.500 денари кои му биле доверени од група станари во зграда.

 

На 27.04.2026 на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.К.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 27.04.2026 во 09:20 часот во СВР Штип, В.А.(43) од Штип пријави дека во  подрумскиот дел од неговата куќа пронашол неактивирана експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана минофрлачка граната калибар 82мм, која потекнувала од Првата светска војна. Извршен бил увид.

 

На 27.04.2026 во 11:10 часот на Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.A.(44) од Република Албанија, затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по  барање на Интерпол - Скопје. Тој е предаден на полициски службеници од ОВР Струга за понатамошна постапка.

 

На 27.04.2026 во 16:45 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.С.В.(48) од Народна Република Кина затоа што при извршена гранична контрола било констатирано дека приложил фалсификувана патна исправа. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.С.(31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ и ,,тешка кражба“. На 19.04.2026 со употреба на погоден предмет, пријавениот извршил кражба во куќа во Штип, при што одзел пари. На 21.04.2026, пријавениот извршил кражба и во друга куќа и одзел пари. Откако бил затекнат од сопственикот Е.Ш. му се заканил и успеал да побегне.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Д.(31) и А.Ц.(25), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 15.03.2026 на ул.„Абас Емин“ во Охрид, пријавените физички нападнале малолетник од Охрид и му упатиле закани.   

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(46) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда’’. На 16.03.2026 пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.П.(68) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 01.02.2026, полициски службеници извршиле преглед над едно лице, при што биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана, кои ги набавил од пријавениот.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против П.П.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 07.03.2026, пријавениот на социјална мрежа испратил пораки со навредувачка и заканувачка содржина на 18-годишна девојка од Кочани.

 

На 27.04.2026 во 13:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје приведоа малолетник затоа што околу 11:40 часот со тврди предмети нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 27.04.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје, М.Д.(25) од Скопје пријави дека околу 20:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од 61-годишната Ј.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.04.2026 во 22:15 часот во СВР Скопје, Н.С.К.(40) од Скопје пријави дека околу 16:00 часот на подрачјето на Драчево, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.04.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријави дека во неколку наврати околу средината на март, како и во текот на овој месец, нејзиниот малолетен син, додека се возел во автобус, бил вербално малтретиран од иста група од четворица малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.04.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје, Н.Б.(48) од Скопје пријави дека на 26.04.2026 околу 18:30 часот во с.Зелениково, општина Зелениково, неговиот малолетен син, додека бил со негови другари, бил физички нападнат од А.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.04.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, Г.Б. од Скопје пријави дека околу 08:30 часот на подрачјето на Центар, каде се изведувале градежни работи на објект, му биле упатени закани од Д.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.04.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Јака, општина Илинден, настанал пожар во куќа сопственост на Е.В.(47) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.

 

На 27.04.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 12:10 часот во продажен објект на подрачјето на Чаир, едно женско лице откако одзела производи, ја турнала вработената и ѝ упатила закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Џ. од с.Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. Полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Мени за пристапност