Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 28.02.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 27/28.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.К.(31), С.Ј.(48) и Н.М.(31), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, пиштол и 13 куршуми. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 27.02.2026 околу 06:10 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Обедник, демирхисарско, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „хјундаи" со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.С.(45) од с.Обедник излетало од коловозот. По несреќата С.С. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

 

На 28.02.2026 во 02:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп- Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од с. Дебреште и патничко возило „бмв" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од с. Дебреште. По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди"  бил пренесен Градската општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.  Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој, неовластено набавил марихуана и семки од канабис, ги препакувал во помали паковки и неовластено вршел продажба со цел да се стекне со противправна имотна корист. При преглед во неговиот автомобил, пронајдени и одземени се 27 семки канабис,  а потоа, при претрес во неговиот апартман во Охрид, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.

 

На 27.02.2026 околу 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници сопреле патничко возило кое го управувал З.Т.(33) од Скопје, во кое се наоѓале две малолетнички со кои се познавал од претходно, но не биле во никакви роднински врски. Тој е лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а службен разговор бил извршен и со двете малолетнички во присуство на родителите, бранител и стручен тим од Јавна установа- Меѓуопштински центар за социјални работи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.    

 

На 27.02.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош била пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание. Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја, а со неа бил и П.С.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

 

На 27.02.2026 во 20:40 часот во СВР Тетово Ј.Б. (33) од с.Палатица, пријави дека бил физички нападнат од М.И. и Ј.С., двајцата од с.Палатица, а подоцна повторно бил нападнат од Ј.С. и Р.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.02.2026 во 16:30 часот во СВР Тетово, Т.Д. (47) од Тетово и П.Т.(47) од Тетово, тренер на детски фудбалски клуб, пријавија насилство на спортски натпревар. Според пријавеното, на натпреварот на стадион во Тетово, помеѓу екипите на Дарданија и Фит-кид, неколку лица се обиделе да нападнат играчи од екипата на Фит-кид. Во врска со настанот од слобода е лишен Х.М.(48) од Тетово, кој при тоа ги омаловажувал и полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека на 24.02.2026 на подрачјето на Шуто Оризари по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, М.Х.(22), И.Х.(23) и Р.Х.(46) физички го нападнале едниот малолетник. Подоцна е пријавено дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З.(54), Р.З.(36) од една страна и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.        

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Н.(47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.02.2026 во Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и марихуана.

 

На  27.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје 22-годишна жена пријави дека околу 12:00 часот во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.С.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.02.2026 во 05:30 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода З.А.(55) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, затоа што при гранична контрола утврдено е дека  меѓународната зелената карта за осигурување на полуприколка која ја дал на увид е фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

 

 

Мени за пристапност