СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Е.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.09.2025, затворски службеници во Казнено-поправната установа Затвор Битола извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 01.07.2025, пријавениот како вработен во подружница на казино во Кочани, од благајната одзел и присвоил 332.330 денари.
СВР Тетово поднесена кривична пријава против Н.М.(33) и А.О.(47), двајцата од с.Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 02.11.2025, во сендвичарница во с.Пирок, по претходно недоразбирање, пријавените физички се пресметале.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.В.(44) од с.Здуње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконска експлоатација на минерални суровини“. На 23.09.2025 на магистралниот пат Гостивар-Маврово, на место викано „Краста“, полициски службеници го затекнале пријавениот со уште едно лице од Гостивар при ископ на тампон со градежна машина-багер, без согласност од концесионерот од Гостивар.
На 26.02.2026 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.Х.Ш.(34) од Турција, со престој во Скопје и П.К. од Данска затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 26.02.2026 во СВР Скопје, Д.А. од с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Л.Б.(30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.02.2026 во Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
На 26.02.2026 во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријави дека бил измамен за сума од 43.750 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства. Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
На 26.02.2026 во 05:53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Волково, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на 56-годишната С.Г. од селото. Од пожарот била зафатена собата на нејзиниот 29-годишен син М.Г, кој имал здравствени проблеми. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Увид е извршен од увидна екипа на СВР Скопје.
На 26.02.2026 во 22:40 часот во СВР Тетово, Ќ.И.(78) од с.Стримница, тетовско, пријави дека во селото било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое е сопственост на друго лице, а тој го користел и кое било паркирано и оставено со клуч на бравата. Според пријавеното, лицето кое го одзело возилото, движејќи се кон с.Палатица предизвикало сообраќајна незгода, односно удрил во објект на маркет и го напуштил местото. При тоа со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово, се здобила Л.К.(23) од с.Палатица, вработената во маркетот, а предизвикана е и штета на објектот. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.В.(74) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, како инвеститор, на катастарска парцела во охридската населба Рача, без правосилно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградил објект за домување. Од страна на овластен градежен инспектор донесено е решение за отстранување на градбата.
На 26.02.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, 26-годишен маж пријави дека на 25.02.2026 во скопско бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга К.В.(25). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.02.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од скопско пријави дека на 19.02.2026 во семејниот дом, нивен роднина ја допирал и бакнувал нејзината деветгодишна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.02.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, Л.М.П.(19) од Скопје пријави дека околу 17:10 часот на подрачјето на Центар, додека се превезувал во автобус, две машки и едно женско лице најверојатно малолетници, со употреба на сила се обиделе да му ја одземат чантата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(35) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.03.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 26.02.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, А.Џ.(65) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.02.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје, К.Г.(40) од Охрид, со престој во Скопје, пријави дека на 25.02.2026 на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање за паркинг место, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека на 11.02.2026 на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.А.(43) од Скопје и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.02.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(45) од Кичево пријави дека на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.02.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, А.Р.(73) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Т.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.07.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и кокаин.