Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 26.02.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.З.(45) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.09.2025, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против С.Г.(38) и Ј.Г.(35), дваjцата од с.Баштево, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.12.2025 на место викано „Чатал“, кратовско, по претходна расправија,  физички го нападнале Д.П..

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 04.12.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена муниција. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Б.(25) од с.Стримница, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „загрозување на сигурноста“. На 28.01.2026, додека полициски службеници вршеле претрес во неговиот дом, пријавениот се однесувал агресивно и им упатувал закани.

 

На 26.02.2026 во 04:05 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.А.(24) од Скопје затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 25.02.2026 во 16:00 часот во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријави дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра. Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во стан на сосед на подрачјето на Гази Баба во Скопје е пронајден С.Л.(29) од Скопје, кој бил во неконтактибилна состојба. Лицето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош, а во службен разговор неговиот татко П.Л.(63) појаснил дека С.Л. претходниот ден не се вратил дома од работа, а утрото соседот му јавил дека бил во неговиот стан и дека претходно консумирал алкохол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во охридското село Коњско, без одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградил викенд куќа. По извршен инспекциски надзор, донесено е решение за отстранување на градбата.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите, а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Ј.(25) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 15.02.2026 на бул.„Никола Карев“ во Скопје, полициски службеници запреле патничко возило управувано од пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 25.02.2026 во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно - крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото. По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.  

 

На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни -крави. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

 

На 26.02.2026 во 04:05 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Х.Б.(33) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.02.2026 во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа К.Н.(33) од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 24.02.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Ј.Е.(22) од с.Арачиново, скопско пријави дека околу 16:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, при што употребил остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.02.2026 во 09:50 часот во СВР Скопје, С.М.(34) од Скопје пријави дека на работното место на Меѓуградската автобуска станица во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А. (40) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.08.2025 во Казнено - поправната установа Затвор Идризово, затворската полиција извршила преглед над пријавената, при што пронашле и одзеле марихуана, која A.A. се обидела да ја внесе во установата.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, Сектор за обезбедување на објекти од државен интерес при Оддел за заштита на определени личности и објекти, на 12.02.2026 на ул.„11 Октомври“ во Скопје управувал негово лично патничко моторно возило „бмв“ без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

 

Мени за пристапност