Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 01.03.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 28.02/01.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.И.(24), Ф.М.(27) и И.Р.(35), сите од Скопје и М.М.(30) од Прилеп, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 28.02.2026 околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Р’жаничино-с.Таор, скопско, Р.И.(29) од с.Орешани, скопско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, удрил во куче скитник, по што паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 28.02.2026 во 07:15 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на автопатот Скопје-Штип, кај Свети Николе, патничко возило „опел“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од А.К.(20) од с.Вевчани, струшко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.К.(44) од с.Вевчани, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.    

 

На 28.02.2026 во 18:30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го приведоа Р.Д.(75) од Р.Албанија затоа што при гранична контрола дал на увид туѓа лична карта. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.  

 

На 28.02.2026 околу 20:45 часот во с.Боговиње, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.М.(23) од с. Боговиње, постапувајќи по претходна пријава од А.Т.(18) од с.Боговиње, дека пред колонијал во селото, физички го нападнал, при што употребил и остар предмет. По целосно документирање на настанот, против Ј.М. ќе следува соодветна пријава.


На 01.03.2026 во 06:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.Р.(35) од Велес, поради основи на сомнение дека на две локации во Велес извршил кривично дело „тешка кражба“. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 28.02.2026 во 14:42 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонски Гемиџии" и ул.„Индустриска" во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес" со битолски регистарски ознаки, управувано од З.В.(42) од Битола и мотоцикл „лонгиа" со битолски регистарски ознаки, управуван од 17- годишник од Битола. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ж.К.(40) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.10.2025 во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин и таблети метилен диоксиметафетамин.

 

На  28.02.2026  во 14:15 часот во СВР Битола е пријавено дека при изведување на градежни работи на  ул.„Климент Охридски" во Битола, Ш.А.(64) с.Делогожди, струшко, се здобил со  повреди, по што е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на медицинска помош. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а известен е и трудов инспектор.

 

На 28.02.2026 во 09:40 часот во СВР Битола П.С. од с.Добромири, битолско, пријави дека во дворното место пронашол стара граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната, при што е утврдено дека се работи за  минофрлачка граната 75 мм од Првата Светска Војна.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.П.(46) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Таа, како инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградила објект за домување. Врз основа на констатираната состојба, надлежен инспекторат донел решение за отстранување на градбата.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М. (58) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, како инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во Струга, без правосилно одобрение за градење издадено од општинскиот надлежен орган, изградила објект за домување и една гаража.

 

На 28.02.2026 во 14:30 часот во делчевско од страна на полициски службеници од ОВР Делчево лишен од слобода бил 15-годишник, по претходна пријава од 17-годишна малолетничка дека, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа. Известен е јавен обвинител, Центарот за социјална работа, како и родител на малолетникот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.02.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.И.(49) од Скопје, по претходна пријава дека со употреба на тврд предмет оштетил влезна врата и скршил повеќе стакла од зградата на општината Шуто Оризари. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.С.(32) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.02.2026, полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во возилo на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 01.03.2026 во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Е.Ф.(23), С.С.(26), М.М.(25), К.Т.(26), Д.В.(22) и К.Н.(23), сите од Скопје и К.Ј.(21) од Крива Паланка поради тоа што околу 00:30 часот пред угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.   

 

На 28.02.2026 во 19:20 часот во СВР Скопје И.Ј.(21) од Скопје пријави дека на 27.02.2026 на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Н.Ј.(56) и Џ.Ј.(26), двајцата од Куманово, кои употребиле и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 28.02.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена пријави дека на 25.02.2026 во скопско била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг М.В.(26). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.02.2026 во 18:40 часот во СВР Штип е пријавено дека во Штип бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Г.(56) и П.П.(36), двајцата од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

 

 

Мени за пристапност