Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 02.03.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 01/02.03.2026 во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.М.(31), А.М.(23) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив  се пронајдени и одземени бела прашкаста и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.    

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Е.(42) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.06.2025 во Казнено-поправната установа Затвор Битола, пријавениот бил забележан од затворски полицаец како преку оградата фрлил пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено.

 

На 01.03.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на влез за с.Браилово, општина Долнени, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управуван од З.Ш.(21) и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(56), двајцата од с.Десово, општина Долнени. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.З.(35) и Д.Ј.(35), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.03.2025 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел“ , кое го управувал пријавениот, при што во возилото биле пронајдени и одземени марихуана и мешавина од амфетамин и метамфетамин, додека подоцна пред неговиот дом доброволно на полициски службеници предал марихуана. На 14.08.2025, полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 01.03.2026 во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање. Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.   

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против К.Н.(65) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.03.2025 во Казнено - поправна установа Прилеп, затворската полиција извршила претрес на пратка наменета за еден осуденик , при што пронашле и одзеле кокаин.

 

На 01.03.2026 во 22:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.Ј.(38) од село Дреново, кавадаречко. Претходно, тој управувајќи патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое сопатник бил М.И.(25) од село Возарци и уште едно лице, а во кое превезувал и огревно дрво, на крстосница од булевар „Македонија“ и „Никола Минчев“ во Кавадарци, не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и на крстосница од улиците „Гоце Делчев“ и „Цветан Димов“ во Кавадарци поминал на црвено светло на семафор. По преземени мерки, полициските службеници ги пронашле возачот и возилото во село Возарци и по извршена контрола било констатирано дека возилото било нерегистрирано, В.Ј. го управувал пред да се стекне со право за управување од „Б“ категорија и поминал на црвено светло на семафор. Дрвата, кои биле без соодветна документација, со потврда биле одземени и предадени на шумска полиција. Со сопатникот М.И. бил извршен службен разговор, а по насоки на јавен обвинител В.Ј. бил приведен во полициска станица, возилото било привремено одземено и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.09.2025, полициски службеници го забележале пријавениот при продажба на марихуана на едно лице. Подоцна бил извршен преглед на другото лице и во неговото возило, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 01.03.2026 во 12:50 часoт во с.Семениште, општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Х.(25) од с.Семениште, постапувајќи по претходна пријава дека на стариот пат Тетово - Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот,  физички го нападнал Е.Е.(34) од с.Арнакија, скопско, при што употребил остар предмет и му нанел убодни рани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 01.03.2026 во 21:20 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.Н.(40) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на претходната недела физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а ѝ се заканувал и со огнено оружје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Р.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’. На 30.12.2024 во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот како продава пиротехнички средства.       

 

На 01.03.2026 во 20:50 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка од Скопје пријави дека во периодот од октомври 2025 година до 01.03.2026 била вознемирувана и следена на различни локации од нејзиниот поранешен партнер С.Н.(28), кој притоа и упатувал и закани кон неа и кон нејзиното семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.03.2026 во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми. Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 45-годишна жена од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело’’. На 30.10.2025 во СВР Тетово таа лажно пријавила дека на 26.10.2025 во Тетово едно лице понудило пари во замена за сексуални услуги на нејзината малолетна ќерка.   

Мени за пристапност