Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 03.03.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 02.03.2026 во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.С.(42), М.Д.(43), В.Т.(41) и  А.Р.(27) сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.    

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Д.(62) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 25.11.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми калибар 7,62мм.

 

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(35) од Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа“. На 26.02.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана словенечка возачка дозвола.

 

На 02.03.2026 во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.А.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во Скопје полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамин.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.К.(38) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 27.01.2026, пријавениот, без знаење и согласност од женско лице од Штип, ги преземал од интернет апликација и ги искористил нејзините лични податоци со фотографија, кои ги објавил на друга интернет страна, која тој ја администрирал.

 

На  02.03.2026 во 09:00  часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода Х.М.(31) од с.Добри дол, гостиварско. Таа била затекната од вработен во обезбедувањето при извршување кражба во маркет на ул.„ЈНА“ во Гостивар. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Н.(64) и М.Н.(41), двајцата од с.Речане, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ на дрва, „пустошење на шума“ и „фалсификување на исправа“. Првопријавениот, континуирано во атар на с.Речане, на место викано „Краста“ вршел сеча на дрва без одобрение издадено од надлежен орган, ги превезувал со своето патничко возило „опел фронтера“ со регистарски ознаки од друго возило, а потоа ги продавал во с.Речане и околните села. Додека, второпријавениот му помогнал на тој начин ги поставил регистарските ознаки од друго возило. на тој начин било оштетено Јавното претпријатие „Национални шуми“ - Гостивар за сума во вкупен износ од 144,372 денари.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Г.(38) од с.Митрашинци, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 12.11.2025 во продажно место во с. Митрашинци, пријавениот со остар предмет упатувал закани на Т.М..

 

На 02.03.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово, 75-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од едно лице од Тетово за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, во текот на октомври 2025 година, тој се договорил со лицето да му изработи собни врати, а парите му ги дал како капар. Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога пријавителот му јавил и му ги побарал вратите му кажал дека ќе бидат изработени, а после тоа бил недостапен на телефон. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.  

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Р.(30) од Прилеп-припадник на армијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.02.2026 во касарна во Петровец, била извршена контрола на ранецот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.В.(54) од Кочани поради постоење сонови на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Во периодот од 10.01.2026 до 12.01.2026, преку негов профил на социјална мрежа, пријавениот објавил неколку коментари со кои поттикнувал омраза и насилство.

 

На 02.03.2026 во атар на с.Белушино, крушевско, полициски службенци од ОВР Крушево го лишија од слобода А.Џ. од с.Житоше, општина Долнени. Тој бил затекнат како управува трактор натоварен со бесправно исечено огревно дрво. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.С.(36) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот бил затекнат од полициски службеници како вршел продажба на марихуана на едно лице од Охрид.

 

На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност. Во 20:00 часот, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против З.Д.(76) од Центар Жупа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. На 23.02.2026, полициски службеници извршиле увид во домот на пријавениот, постапувајќи по претходна пријава дека со употреба на сила било влезено во неговиот дом. За време на увидот било констатирано дека нема елементи на кривично дело, односно дека тој лажно пријавил.  

 

На 03.03.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје, Ј.П.(43) од Скопје пријави дека на 02.03.2026 околу 11:30 часот во основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината 14-годишна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.03.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ѓ.С.(57) и К.Н.(36), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.01.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „алфа ромео“, во кое се превезувал пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 02.03.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, Б.Р.(51)  од Скопје пријави дека на 27.02.2026 околу 08:15 часот во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од друг ученик во училиштето, при што му нанел тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.03.2026 во 12:10 часот  во СВР Скопје, Д.Р.(47) од Скопје пријави дека околу 09:30 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници од друго училиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.А.(22) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На различни локации во Прилеп и прилепско, полициски службеници извршиле преглед на неколку лица, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавиле од пријавениот.

 

На 02.03.2026 во 14:40 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Б.С.(51) од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно расчистување на случајот, ќе следува соодветен поднесок.  

Мени за пристапност