На 03/04.03.2026 во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(28) и Е.Р.(21), двајцата од Скопје, како и Р.Р.(21) од с.Студеничани, скопско и К.М.(31) од Кратово затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 03.03.2026 во 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница Скопје - Тетово, во близина на клучка Мирковци, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(44) од с.Сарај, скопско, излетало од патот. На местото на несреќата починал возачот Р.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
На 03.03.2026 во 09:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Сараевска“ во Велес, патничко возило „форд ескорт“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(77) од Велес, удрило во бетонски скали од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Н. , констатирани во Градска општа болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе известување против малолетник од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 24.10.2025 во Свети Николе, пријавениот физички нападнал друг малолетник, при што употребил тврд предмет.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 08.10.2025 во соблекувална во основно училиште во Свети Николе, пријавениот во присуство на повеќе ученици физички нападнал друг малолетник, при што употребил пластичен предмет.
На 02.03.2026 во 17:30 часот во ОВР Кавадарци, Л.Е.(68) од село Ваташа, кавадаречко, пријави дека во двор од викенд куќа во селото била пронајдена експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување Битола ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за рачна бомба која потекнувала од Првата светска војна.
На 03.03.2026 во 16:30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода С.В.(49) од Делчево. Според пријавеното, тој околу 15:00 часот отишол во домот на М.К.(37) од Делчево и поради нерасчистени должничко - доверителски односи агресивно се однесувал агресивно кон неговата невенчана 35 - годишна сопруга, по што со употреба на сила одзел телевизор и клучеви од куќата. Одземеното е пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот, против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.03.2026 во 00:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Р.(22) од Велес. Тој се сомничи дека со употреба на подесен алат влегол во домот на 35-годишна велешанка и одзел разни предмети. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.03.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје, У.Ш.(65) од Скопје пријави дека околу 18:55 часот пред објект на подрачјето на општина Аеродром дошле две лица, од кои едното му се заканило со остар предмет, но не му било одземено ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.03.2026 во 23:55 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје, при контрола на Н.И.(22) од с.Студеничани,скопско, констатирале дека управувал возило без да поседува возачка дозвола. По кратко време на местото дошле две возила од кои излегле неколку лица, меѓу кои и М.С.(30) од с.Студеничани, и ги попречувале полициските службеници при вршење на службените дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 03.03.2026 во 11:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат В.С.(72) од Скопје. Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 04.03.2026 во 10:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.К.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 03.03.2026 околу 23:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.03.2026 во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со И.Б.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.03.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско физички ја нападнал неговата 40-годишна поранешна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 03.03.2026 во 10:20 часот во СВР Скопје, Д.Т.(33) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ф.Б.(48) од с.Цветово, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, С.С.(66) од Скопје пријави дека на автобуска постојка на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице ѝ одзело чанта со пари, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.03.2026 во 16:35 часот на автопат кај клучка„Хиподром“, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Х.Ј.(26) од с.Студеничани, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, З.Г.(42) од Скопје пријави дека на 27.02.2026 околу 11:00 часот на своето работно место во продажен објект во трговски центар на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.