СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.07.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.И.(45) од село Велешта, струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“. На 31.10.2025 на стариот пат од Струга кон Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеник што извршувал службени дејствија.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М. (47) и Б.М. (49), двајцата од село Нераште, општина Теарце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.08.2025 пријавените на локален пат кон село Јажинце по претходна расправија околу сообраќајот, физички го нападнале Ј.А. од село Јажинце.
На 26/27.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.М.(51), М.К.(37) и Н.Д.(24), сите од Скопје и Д.Н.(19) од с.Трубарево, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 26.11.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чупоски“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(40) удрилo во пешакот О.Д.(51), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 26.11.2025 околу 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Славка Динкова“ во Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната Б.П., удрило во пешакот А.Д.(59), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.М.(23) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Тој, на 19.11.2025 забележал жена од Дебар како од банкомат во Дебар подигнала пари, по што насилно и ги одзел парите и избегал. Набрзо, тој е пронајден и приведен во полициска станица.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И.(47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Тој, на 09.10.2025 со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати, во продажни објекти во Кичево, извршил наплата. По преземени мерки, тој е пронајден и приведен во полициска станица.
На 25.11.2025 во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.К.(55) од Штип затоа што околу 17:50 часот во продажен објект, одзел продукти, а потоа и физички нападнал една вработена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.11.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, З.В.(47) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од негова соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.11.2025 во 11:40 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско пријави дека од страна на В.„Н“ била измамена за сума од 200.000 денари. Имено, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но откако ги земал парите не и одговарал на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.11.2025 во 11:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.К.(31) од Скопје, по претходна пријава од неговата 30-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка дека и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.11.2025 во 13:50 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзиниот сопруг С.К.(43) од Скопје, со кого се во бракоразводна постапка, физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Т.И.(50) од с.Матка, скопско. Според пријавеното, Т.И. околу 11:00 часот во с.Горно Нерези, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(41) од село Обршани, општина Кривогаштани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.05.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот кој го користи пријавениот, при што пронајдени и одземени се ловна пушка и патрони, за кои пријавениот не поседувал дозвола издадена од надлежен орган.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Н.(37) од с.Долно Оризари, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што е пронајден и одземен кокаин.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.Н. (40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 25.09.2025 во Штип, пријавениот со тврд предмет го нападнал А.Д., нанесувајќи му тешка телесна повреда.