Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 26.11.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.К.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.07.2025 во с.Трубарево, скопско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(29) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „насилство“. На 19.02.2025, пријавениот оштетил кров на куќа, а потоа во нејзиниот двор физички ја нападнал Т.Д., при што употребил стаклен предмет.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против М. Е. (43) од Штип  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „предизвикување на општа опасност“. На 24.09.2025 година во село Љуботен, штипско, пријавениот запалил оган во дворот на семејната куќа и си заминал без да го локализира местото, по што подоцна огнот повторно се запалил и зафатил две соби од подрумски дел од куќата на пријавениот,  како и делови од две соседни куќи,  гаража и околу пет хектари со нискостеблести растенија, шума и сува трева.

 

На 25.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(40) и С.Т.(28), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 25.11.2025 во 13:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон с.Враништа, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(57) од с.Горно Татеши, струшко и велосипед управуван од Р.Ш.(65) од с.Враништа, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга.

 

На 25.11.2025 во 17:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.Б.(67) од Скопје пријави дека од семејниот дом се оддалечил нејзиниот син П.Б.(37) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

               

На 25.11.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријави дека на 24.11.2025 околу 19:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината 15-годишна ќерка со употреба на физичка сила била внесена во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, од страна на нејзиниот поранешен партнер И.Ј.(22), кој притоа физички ја нападнал и и упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 21.11.2025 во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Т.Б.(24) од Р.Турција затоа што за него била распишана меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „банкарска измама“. Тој бил изведен пред ОЈО Скопје и му бил одреден 30-дневен екстрадиционен притвор, по што бил предаден во КПУ Затвор Скопје.

 

На 25.11.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 18:30 часот во установата тројца осуденици физички го нападнале осуденикот И.И.(61) од с.Челопек, тетовско, а при тоа употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (26.11.2025) во 09:00 часот полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода извршија службен разговор со М.Х.(22) од Скопје, по претходна пријава од неговата 22-годишна партнерка дека на 17.11.2025 околу 18:30 часот во домот каде престојувала на подрачјето на Бит Пазар, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.11.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.И.(62) од Скопје пријави дека на 23.11.2025 околу 17:00 часот на подрачјето на Кисела Вода едно лице со употреба на физичка сила и одзело паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.11.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, Б.М.(47) од Скопје пријави дека околу 10:40 часот во соблекувална од основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност