СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 11.11.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот во кој престојувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитални ваги, пари во разни апоени и мобилни телефони.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“ и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Првопријавениот М.С. постапил спротивно на Законот за данок на додадена вредност на тој начин што во даночните пријави за контролираниот даночен период, преку правното лице пресметал и искажал помал даночен долг кој произлегол од неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и од продажба на залихи на материјали. Со наведените дејствија пријавените успеале да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522 денари, за кој износ го оштетиле државниот буџет.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“. Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена на Актот за систематизација на работните места, со што го укинала нејзиното работно место виш кустос и за себе отворила ново работно место кустос советник, кое што е едно ниво повисоко од претходното.
На 24/25.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.А.(26) од Скопје, З.Т.(42) од с.Волково, скопско и З.А.(43) од с.Оризари, липковско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 24.11.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(49) од с.Орланци, скопско, удрило во 14-годишник од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 24.11.2025 во 16:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Македонско- Косовска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.М.(20) од с.Арнакија, скопско и мопед управуван од Е.М.(33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.М., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 24.11.2025 во 18:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(42) и мотоцикл управуван од С.Р.(55), двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 24.11.2025 во 04:00 часот во СВР Скопје, од Гинеколошко-акушерска болница „Чаир“ е пријавено дека околу 00:10 часот во болницата за породување била донесена 15-годишна малолетничка од Скопје. Од страна на полициски службеници извршен е службен разговор со нејзиниот 18-годишен вонбрачен партнер Р.А.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.11.2025 во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат А.Т.(46) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
На 24.11.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје 65-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од 12 до 15.11.2025, додека пријавителката била отсутна од домот на подрачјето на Ѓорче Петров, непознат сторител ја опожарил влезната врата од нејзиниот стан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.11.2025 во 23:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 22:10 часот настанал пожар во менза од објект на фирма во с.Визбегово, скопско. Пожарот бил изгаснат од сопственикот Ж.В.(44) од Скопје, кој поради вдишување чад се упатил во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
На 24.11.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје од Казнено–поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 18:00 часот, при претрес во соба кај осуденикот С.У.(23) од Велес е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.11.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријави дека околу 16:00 часот на подрачјето на Центар, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.К., со кого биле во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.11.2025 во 08:00 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.К.(44) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.11.2025 во 17:40 часот во СВР Скопје, Р.П. од Скопје пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзиниот 13-годишен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој употребил тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.11.2025 во 17:20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа А.А.(49) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.11.2025 во 07:25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во казино лоцирано на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице одзело пари и физички нападнало вработена во казиното. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и расчистување на случајот.
На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.