Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 27.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Д.(37) од с.Подгорци, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.С.(29) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.10.2025 на ул.„Единство“ во Крива Паланка, пријавениот му го оштетил возилото на Т.М. и физички го нападнал.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против К.Т.(50) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 19.09.2025 во Прилеп, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

 

На 26/27.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.С.(18), Л.Б.(21) и М.М.(34), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 27.10.2025 околу 00:10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија до слобода Б.Б.(44) од Струга. Тој е затекнат со уште неколку лица при незаконит риболов во реката Црн Дрим, по што се обидел да избега, но бил фатен. Притоа, тој физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија, но бил совладан и приведен во полициска станица. За настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Струга и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 26.10.2025 во 06:46 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-с.Драгош, во близина на крстосница за с.Лажец, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(46) од с.Граешница, битолско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 26.10.2025 околу 14:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат  с.Богомила–крстосница за с.Извор, општина Чашка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Т.(33) од Велес и мотоцикл „хонда“, управуван од 48-годишната Б.Н. од Чешка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Н., констатирани во Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

 

На 26.10.2025 околу 11:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат с.Липково-с.Арачиново, во атар на с.Ропаљце, општина Липково, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.С.(29) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Н.С.(37), Х.С.(35) и осумгодишен малолетник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(57) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, во с.Кркља, кривопаланечко, агресивно се однесувал и упатувал закани на едно лице.

 

На 26.10.2025 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје. СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 26.10.2025 во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.10.2025 во 17:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, по претходна расправија во врска со случена сообраќајна несреќа, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Б.(21) од Скопје и друго машко лице, кое употребило остар предмет и му нанело повреда на Б.Б.. Другото лице заминало од местото, но набргу се вратило и испукало неколку истрели од огнено оружје и не повредило никој. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.10.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријави дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.10.2025 во 16:00 часот во СВР Скопје, Т.А.(27) од Скопје пријави дека околу 13:20 часот во продажен објект на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Мени за пристапност