Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 26.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 25/26.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Б.(22), М.А.(34) и Е.А.(29), сите од Скопје, како и Е.Р.(20) од с.Јеловјане, тетовско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 25.10.2025 во 18:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат с.Волино - с.Ливада, општина Дебрца, В.Л. (55) од Охрид управувајќи четирицикл „поларис“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 

На 26.10.2025 во 00:50 часот, во ОВР Струга од слобода е лишен Ц.В.(17) од струшкото село Ташмаруништа. Тој, по претходна расправија со М.П.(24) од Вевчани на улицата „15 корпус“ во Струга, со нож го прободел М.П.. Повредениот, со возило на Итната медицинска помош од Струга е пренесен во Општата болница во Струга, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

 

На 25.10.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во камп приколка поставена на нива во атар на с.Долно Лисиче, скопско, во која престојувал В.Н. (68), настанал пожар. Повредени лица нема, а од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 26.10.2025 во 00:37 часот во СВР Скопје, Н.И.(40) од Скопје пријави дека на 24.10.2025 околу 21:00 часот на подрачјето на  Бит Пазар бил физички нападнат од неколку машки лица, кои притоа со употреба на физичка сила му одзеле чанта со лични документи, мобилен телефон и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.10.2025 во 08:05 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена од Скопје пријави дека околу 06:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Т.(31) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.10.2025  во 22:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријави дека околу 17:00 часот на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетни женски лица, кои ги познавала, а друга малолетничка со мобилен телефон го снимала целиот настан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.10.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Средно Коњари, општина Петровец, по претходно случена сообраќајна незгода,  бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.М.(47) од една страна и А.Ќ.(38), Е.Ќ.(62), А.Ќ.(71) , И.Ќ. (54) и А.Ќ.(26) од друга страна, сите од с.Средно Коњари. При тоа бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

 

На 25.10.2025 во 12:00 часот во Полициската станица Карпош, И.Т.(69) од Скопје пријави дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга А.Т.(54) од Скопје, која имала здравствени проблеми и која и претходно се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 25.10.2025 во 19:50 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Х.Ј.(38) од с.Драмче, делчевско, пријави дека во казино во Македонска Каменица бил физички нападнат од Б.М. (36) од Македонска Каменица.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.10.2025 во 23:55 часот СВР Штип, Н.С.(30) од Штип пријави дека во 23:00 часот пред угостителски објект во Штип бил физички нападнат од машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Мени за пристапност