Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 25.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 24.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Г.(41) од Скопје, Ж.К.(38) од Прилеп и Д.Д.(28) од с.Галате, гостиварско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, марихуана и таблети. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

 

На 24.10.2025 во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„532“ и ул.„531“  во с.Марино, општина Илинден,  се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота рав 4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(63) од с.Марино и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Г.(32) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Г., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа  од СВР Скопје. 

 

На 24.10.2025 во 17:42 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат  Битола- Новаци, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(48) од Битола, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.С.,  констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа  од СВР Битола. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ф.К.(21) од с.Ѕвегор, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.05.2025 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што се пронајдени и одземени семки од растението канабис, а при извршен претрес во неговиот дом е пронајден и одземен хашиш.

 

На 24.10.2025 во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Народни херои“ со ул.„Вера Јоциќ“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишната С.М. од Скопје, удрило во 76-годишната Ш.П. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ш.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.К.(23), Д.Х.(25), Д.Е.(21), сите од с.Селце, тетовско, Ј.У.(24), А.У.(21), двајцата од с.Дебреше, гостиварско, О.С.(20), Б.С.(24), двајцата од с.Палатица, општина Желино и А.С.(25) од с.Вруток поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.07.2025 на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, по претходни недоразбирања, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. 

 

На 24.10.2025 во 14:12 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишија од слобода М.Н.(45) од Република Србија затоа што при гранична контрола и проверки било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Србија. Тој е предаден на полициски службеници во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка. 

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 19 -годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение дека во периодот од октомври до декември 2024 година во Скопје во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од Скопје.    

 

На 23.10.2025 во СВР Штип е пријавено дека во с.Драгоево, штипско, во близина на манастир „Св.Спас“ била  пронајдена експлозивната направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана артилериска граната калибар 75мм која потекнува од Првата светска војна. 

 

На 24.10.2025 во 15:15 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.С.(43) и неговиот 16-годишен син, двајцата од Скопје. При преземање мерки за приведување на К.С. по телеграма од Полициската станица Кисела Вода, малолетникот со тврд предмет ги нападнал полициските службеници. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави. 

 

На 24.10.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, Г.К.(68) од Скопје пријавила дека околу 14:30 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.10.2025 во 23:40 часот во СВР Скопје, М.Г.(37) од Скопје пријавил дека на 22.10.2025 околу 16:30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како доставувач на храна, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

Во ОВР Делчево е пријавено дека на 20.10.2025 во 06:15 чaсот на ул.„Маршал Тито“ во Делчево, патничко возило „застава“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Т. (19) од Делчево,  удрило во 52-годишната Д.П. од Делчево. По несреќата, Д.П. е пренесена во Клиничка болница Штип, по што и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што на 24.10.2025 ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево. 

 

На 24.10.2025 во 23:00 часот во СВР Скопје, У.С.(47) од Република Турција, со престој во Скопје, пријавил дека околу 17:30 часот на влез од стадионот во Чаир бил физички нападнат од Љ.Ќ. и И.Ф., при што бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. 

 

На 24.10.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.П.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 24.10.2025 во 23:40 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека во Свети Николе, 58-годишна жена била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Н.(64) од Свети Николе. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

 

На 24.10.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(26) од Скопје пријавила дека околу 13:55 часот на подрачјето на Карпош, таа и нејзината пријателка С.Т.(22) од Скопје биле физички нападнати од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 24.10.2025 во 11:55 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер во близина стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“ на подрачјето на Гази Баба пронашол коски кои наликувале на човечки. По насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење. 

 

На 24.10.2025 во 12:50 часот во СВР Скопје, И.С.Т. пријавил дека во семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода во Скопје ја пронашол почината неговата  баба Д.С.(77). Според пријавеното, ѝ се слошило и паднала во куќата, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.   

 

На 24.10.2025 во 13:15 часот во СВР Скопје, од СОС „Детско Село“ е пријавено дека нивната штитеничка Б.Д.(16) од Скопје се оддалечила од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

 

На 24.10.2025 во 20:00 часот во СВР Штип, Д.О.(84) од Штип пријавила дека од семејниот дом во Штип се оддалечила нејзината сестра Б.Н.(79) од Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.    

 
 

Мени за пристапност