СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(55) од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На наплатна станица Желино, полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
Денеска (23.10.2025) околу 17:30 часот на ул. “Цветан Димов” во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен С.С. (20) од Скопје. При извршен преглед кај него е пронајден пиштол и една празна рамка. По документирање на случајот, против С.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23/24.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(19), М.М.(46), Г.Т.(31) и Б.С.(28), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.10.2025 во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Имер Призрени“ со сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 38-годишната Л.К.З. од Тетово и мотоцикл управуван од Б.Ј.(30) од с.Сингелиќ, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а неговиот сопатник О.Ј.(23) од с.Сингелиќ, скопско се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 23.10.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во с.Стајковци, скопско, Г.Р.(71) од Скопје, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 23.10.2025 во Полициската станица Кочани, М.Ф.(43) од Кочани пријави дека во домот се вратила нејзината ќерка М.Ф.(13), за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Ј.(54) од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола на магистралниот пат Струга- Ќафасан, полициските службеници го затекнале пријавениот како со возило „фолксваген пасат“ врши превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган.
Денеска (24.10.2025) во 03:00 часот во СВР Скопје, Т.П.(38) од Скопје пријави дека на 23.10.2025 околу 23:40 часот на работното место во спортска обложувалница на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од С.И.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2025 во 19:50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа А.А.(21) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.