Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 23.10.2025

На 22.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.С.(44) од Куманово, Д.С.(18), А.М.(19) и Т.М.(18), сите од Скопје  затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 22.10.2025 околу 16:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Речица-с.Ваксинце патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.С.(39) од с.Ваксинце, општина Липково, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.  

 

На 22.10.2025 во 05:20 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионален пат кај с.Пеширово, светиниколско, патничко возило „пасат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната М.К. од с.Амзабегово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Ќ.(26) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот следел и вознемирувал жена од гостиварско, со која претходно бил во врска.  

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Н.Д.(54) од с.Преглово, општина Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба”. На место викано ,,Кај мермери”– атар на с.Преглово, општина Пласница, полициски службеници го затекнале пријавениот како со патничко возило со приколка превезува дрва без жиг и без соодветна документација. 

 

 

На 22.10.2025 во 16:00 часот полициски службеници од Полициското одделение Ропотово во с.Житоше ги лишиле од слобода  В.Е.(26) и Б.Е.(57), двајцата од  с.Житоше, затоа што на  семејна веселба пред куќата каде што живее во с.Житоше, В.Е. во воздух испукал неколку истрели од огнено оружје. На лице место пронајдени се чаури, а од лицата одземени се гасен пиштол, сопственост на В.Е. и ловна пушка и дозвола за поседување на име на Б.Е.. По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 22.10.2025 во 12:00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево, при вршење на патролна служба пронашле неексплодирана артилериска граната 120 мм од Првата светска војна. Гранатата е безбедно подигната од екипа на Дирекција за заштита и спасување.

 

Денеска (23.10.2025) во 01:00 часот Н.Г.(42) од Скопје пријави дека на 22.10.2025 околу 22:40 часот на подрачјето на Центар неговиот малолетен син бил физички нападнат од четири малолетници, а едниот од нив се заканувал и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 22.10.2025 во 22:10 часот во СВР Скопје Ш.А.(50) од Скопје пријави дека на паркинг простор пред неговиот дом на подрачјето на Чаир, било опожарено патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата фирма. Пожарот бил изгаснат од пријавителот и случајни минувачи. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.10.2025 во 03:22 часот во СВР Скопје Ј.Ј.(25) од Скопје пријави дека во с.Јурумлери, скопско, настанал пожар при што опожарен е кров и дел од фасада од куќа и патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на пријавителот и мотоцикл „хонда“, сопственост на Г.С.(22) од Куманово. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Ш.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.10.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 22.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Ф.М. (43), В.М., (27) и Р.М. (29), сите од Куманово, постапувајќи по пријава дека на улицата „Народна револуција" во Куманово со тврд предмет го нападнале Т.Б.(45) од Куманово, кој пак со остар предмет го повредил Р.М.. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

 

На 23.10.2025 во 00:50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Ш.(21) од с.Голема Речица, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден во 10:00 часот во с.Желино, додека одел на семејна веселба, од неговото патничко возило „бмв" со тетовски регистерски таблици пукал со огнено оружје и настанот го објавил на социјална мрежа. Од С.Ш. е одземен пиштол „зораки" со една празна рамка и една кутија со 21 патрони, за кои не поседувал дозвола. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

 

На 22.10.2025 во 23:00 часот во СВР Скопје Ј.Ц.(42) од Скопје пријави дека околу 15:45 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходна вербална расправија со негова колешка во спортска обложувалница, откако излегол од објектот бил физички нападнат од М.Ж. и М.В. (партнер на колешката), кој употребил и тврд предмет, а му го оштетил и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 22.10.2025 во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред средно училиште на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Т.(18) и 17-годишник, двајцата ученици во училиштето, а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.10.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Драчево Б.Д.(22) од с.Батинци, скопско, пријави дека неговиот вујко Н.Д.(42) на 21.10.2025 се упатил кон Р.Австрија, по што не бил достапен на телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 23.10.2025 во 00:30 часот во Полициската станица Кочани М.Ф.(43) од Кочани пријави дека од домот се оддалечила нејзината малолетна ќерка М.Ф.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 22.10.2025 во 09:30 часот во Полициската станица Кочани Р.О.(51) од Кочани пријави дека во Кочани бил физички нападнат од Џ.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 22.10.2025 во 11:05 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен З.А.(57) од Берово, кој, според пријавеното, со повредите се здобил додека работел на неговата викендица и паднал од скеле. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Берово.

 

 

 

 

Мени за пристапност