Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 27.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 26.27/09.2025 во Скопје на различни локаци, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.М.(43), 25-годишната А.И., 23-годишната М.Ѓ. и М.М.(24), сите од Скопје, како и К.И.(39) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и таблета. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ц.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.04.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против A.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и А.М. (27) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.06.2025 во атар на с.Драгобраште, виничко, полициски службеници извршиле претрес на патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал првопријавениот, при што кај пријавените пронашле и одзеле марихуана.

 

На 26.09.2025 во  17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(50) и електричен тротинет, управуван од Б.Ј.(48), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во периодот од јануари до април 2025 во Скопје на различни локации, полициски службеници извршиле претреси во патничко возило „опел“ кое го управувала пријавената, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.05.2025 во двор од основно училиште во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.   

 

Денеска (27.09.2025) во 04:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(36) од Скопје удрило во бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.А, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 26.09.2025 во 23:30 часот во с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода И.С.(32) од истото село затоа што кај него се пронајдени марихуана и ризли. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.09.2025 околу 16:30 часот на автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишија од слобода М.Б.(25) од Неготино. Претходно, полициските службеници забележале дека од возилото „мазда“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица мигранти. Потоа, откако му дале знак за запирање, тој се бидел да побегне и со возилото удрил еден полициски службеник, но набргу бил совладан и лишен од слобода. Лицето е задржано во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на мигрантите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 26.09.2025 во 20:04 часот во СВР Куманово, Б.П.(48) пријавила дека на булевар „Октомвриска револуција", нејзиното паркирано патничко моторно возило „фиат пунто" било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје. Зрното е подигнато и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.И.(50) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 04.09.2025 во Струга, пријавениот физички нападнал 51 - годишна жена од Струга со која живеел во вонбрачна заедница. 

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Б.(42) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед на улица „Тане Цалески“ во Кичево, полициските службеници од криминалистичката полиција кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

 

На 26.09.2025 во 21:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Т.А.(41) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:45 со употреба на физичка сила му одзел мобилен телефон, му го оштетил часовникот, а потоа и физички го нападнал Д.Ј.(41) од Кочани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.09.2025  во 07:48 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Делчево настанал пожар на помошна просторија сопственост на Ф.С. од Делчево. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од сопственикот. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Делчево.

На 26.09.2025 во 10:05 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар, со судска наредба, го приведоа Д.Н.(31) од Гостивар, кој бил баран за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297 став 2 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 27.09.2025 во периодот од 00:00 до 00:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Одделелот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија и Државна пазарна инспекција Тетово извршија акциска контрола во угостителски објет покрај автопатот Тетово-Скопје. При контролата, поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на целта, приведена е З.Х.(47) од Република Албанија. Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.09.2025 во 16:00 часот во атар на село Рлевци, велешко, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишија од слобода Е.Б.(46) од село Горно Оризари, велешко и С.С.(29) од село Клуковец, велешко. Имено, при преглед во патничко возило „муцубиши“ со австриски национални ознаки, управувано од Е.Б., а сопатник бил С.С., пронајдени и одземени се две ловечки пушки - карабин, 59 куршуми со различен калибар, две дозволи за поседување и носење на оружје, три ловечки ножеви со футроли, секира, две празни рамки и други предмети. Од извршените проверки констатирано е дека лицата не поседувале дневна дозвола за лов. Е.Б. и С.С. се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 26.09.2025 во 16:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период се заканувал на неговата 43-годишна сопруга и ѝ им барал и пари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.09.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје, С.П.(44) од Скопје пријавила дека подолг период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината  14-годишна ќерка, додека на 24.09.2025 ѝ упатиле закани преку мобилна апликација. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за рачистување на случајот.

 

На 26.09.2025 во 13:45 часот во СВР Скопје, Т.Т.(57) од Скопје пријавил дека на 25.09.2025 околу 11:30 часот во спортска сала од основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

 

На 26.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дворно место од куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, И.М.(51) од Скопје физички ја нападнал 70-годишната В.В. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 26.09.2025 во 19:50 часот во СВР Скопје, С.С. од Скопје пријавил дека во 11:30 часот во сервис за автомобили на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од вработен во сервисот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.09.2025 во 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека  околу 06:20 часот на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(47) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од сопственикот и соседите. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. 

 

На 26.09.2025 во 23:05 часот во ОВР Неготино е пријавено дека настанал пожар пред објект на правно лице во зграда на улица „Јане Сандански“ во Неготино, кој се проширил, делумно го зафатил објектот, а биле опожарени и надворешни делови од четири станови во зградата. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Неготино. Увид на местото изврши увидна екипа од ОВР Неготино. 

 

 

Мени за пристапност