Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 26.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Н.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.05.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Г.(39) и П.Д.(40), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.08.2025, пријавените физички го нападнале Б.Ф. од Штип во неговиот дом и му нанеле повреди. 

 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против С.Р.(25) од Струга, со престој во Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста”. На 30.08.2025 во семејната куќа во Кратово, пријавениот упатувал закани на неговата невенчана сопруга и на нејзините деца.

 

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против П.П.(69) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес на викенд куќа во кавадаречко, при што пронашле и одзеле ловечка пушка.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Скопје и Ѓ.Д.(49), сопственик и управител на правниот субјект поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на право од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“ и против Б.Т.(42) од тетовско, вработена во правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена исплата или наплата во ефективни странски пари“. На 29.01.2025, службени лица од Управата за јавни приходи Тетово извршиле контрола во правниот субјект - подружница Тетово , при што било констатирано дека правниот субјект и сопственикот и управител не поседувале соодветни лиценци за софтверите кои ги користеле на нивните службени компјутери и нивната дејност на обложување ја вршеле без поседување на лиценца. Додека, кај третопријавената во касата биле пронајдени странски пари, прибавени преку наплата спротивно на законските одредби од Законот за девизно работење.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.О.(48) с.Равен, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ и „употреба на исправа со невистината содржина“. Имено, пријавениот во Република Бугарија набавил фалсификувана возачка дозвола на негово име, а потоа ја приложил како вистинска во Отсекот за управни работи Гостивар и поднел барање за замена на фалсификуваната странска возачка дозвола за македонска возачка дозвола.

 

На 26.09.2025 околу 02:00 часот на ул. „Сливовска“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода М.Н. (24) од Скопје, затоа што физички и со метален предмет нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства. По документирање на случајот, против М.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 25/26.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.П.(31), К.Ж.(29), И.А.(36), Ф.А.(29), Б.П.М.(36), В.Ј.(44) , 24-годишната Д.Џ.С. и Д.А.(32), сите од Скопје и И.Е.(19) од с.Идризово, скопско, затоа што кај нив сe пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 25.09.2025 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“, ул.„Славеј планина“ и ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(54) од Скопје и мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(25) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 25.09.2025 околу 19:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“ во Куманово, Н.Ј.(27) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, удрил во малолетничка од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот М.Л.Ј., а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 25.09.2025 во 08:35 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат  Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.М.(83) од с.Калишта, струшко и товарно возило „застава“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т.(72) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.М., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга.

 

На 25.09.2025 во 07:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од бул.„1 Мај“, ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Јане Сандански“ во Битола, патничко возило „форд фокус“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(31) од Битола, удрило во пешакот М.К.(85) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 25.09.2025 околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.

 

На 25.09.2025 во 13:19 часот во СВР Штип е пријавено дека на место викано „Суви дол“ , атар на с.Црник, пехчевско, Е.К.(62) од с.Црник управувајќи трактор со беровски регистарски ознаки, се превртел на патот. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид.

 

На 25.09.2025 во 11:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Шарен мост“, товарно возило „ман“ (цистерна)  со полуприколка со винички регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(42) од с.Јосифово, валандовско, се превртело на патот, а приколката се запалила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Љ.В., констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен е увид.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.Џ.(18) од с.Радање, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 31.07.2025 во село Радање, пријавениот физички нападнал малолетник од селото.  

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ш.(26) од с.Трубарево, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Р.(24) и С.Р.(53) двајцата од с.Мала Речица, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 04.08.2025 пријавените, пред семејниот дом на лице од с.Челопек, тетовско физички го нападнале, при што му нанеле тешка телесна повреда.

 

На 25.09.2025 во 23:45 часот во ОВР Свети Николе, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Ч.(55) од Свети Николе. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при  извршување работни задачи во фабрика во Свети Николе. За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од ОВР Свети Николе.

 

На 25.09.2025 во 14:00 часот во СВР Тетово, 57-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен од Т.„Н“ од Тетово за сума од 800 евра. Според пријавеното, во октомври 2024 година лицето му ветило дека ќе му заврши работа да зема надоместок за помош за себе и неговата сопруга, по што му ги дал парите и заедно ги поднеле документите во Центарот за социјални работи Тетово. Како што е пријавено, откако му било одбиено барањето, не можел повеќе да го добие лицето на телефон, а случајно се сретнале на денот на пријавувањето, по што лицето побегнало и тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон Законот и колективниот договор за мерките за заштита при работа, односно не му обезбедил заштита при извршување на работните ангажмани на практикантот, поради што малолетникот паднал од околу седум метри висина на објект во изградба во охридската населба Бејбунар.

 

На 25.09.2025 во 23:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу С.Т.(29), З.Б.(38) и С.Д.(29), сите три од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.09.2025 во 15:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) и С.Б.(31), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.09.2025 во 17:30 часот во СВР Скопје, С.Б.А.(50) од Скопје пријави дека истиот ден во спортска сала во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од двајца соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.09.2025 околу 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ѓ.(76) и И.А.(73), двајцата од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

 

На 25.09.2025 во 09:00 часот во СВР Скопје, М.Т.Ш.(57) од Скопје пријави дека во двор од куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, била физичка нападната од Д.Н.(39) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Мени за пристапност