СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(47) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 06.08.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му одзел пари.
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 29.06.2025 во Штип, пријавениот управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 0,84 промили алкохол во крвта, а по издадена наредба од полициски службеници за исклучување од сообраќајот, се обидел да побегне и притоа физички нападнал полициски службеник.
На 25.09.2025 во 02:50 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, управувано од 63-годишниот М.К. од Штип и патничко возило „сеат“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(21) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од возилото „сеат“ - Ф.Ѓ.(21) од Пробиштип, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 24.09.2025 во 23:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „11 Октомври“ во Скопје, било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а од огнот било зафатено и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.09.2025 во 03:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дичо Петров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д.(41) од Скопје, а било зафатено и патничко возило „голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасада од станбена зграда и дел од продажен објект. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24/25.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода, Д.К.(21), П.С.(19), Т.Ј.(18) и 16-годишен малолетник, сите од Скопје и Б.С.(35) од Свети Николе затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 24.09.2025 околу 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Адем Демачи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(30) од с.Морани, скопско и мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.Б.(32) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 24.09.2025 околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(45) с.Желино, тетовско и патничко возило „сеат алтеа“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(43) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило „сеат алтеа“ и неговиот сопатник Е.С.(35) од с.Долна Бањица, гостиварско, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 24.09.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, пред крстосница со ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(35) од Скопје, удрило во пешакот З.Т.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.О.(46) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 24.08.2025 на игралиште во Гостивар, пријавениот физички нападнал малолетник.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Т.(50) од охридското село Долно Лакочереј поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ и „безобѕирно управување со моторно возило“. На 08.08.2025, при контрола во патниот сообраќај на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило „ланчиа“, кое го управувал пријавениот и кај него биле констатирани 2,17 промили алкохол во крвта, по што се обидел физички да ги нападне полициските службеници и бил лишен од слобода и исклучен од сообраќај.
На 24.09.2025 во 18:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје починал К.К.(38) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 24.09.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 03:00 часот во Казнено- поправната установа Затвор Идризово настанала физичка пресметка помеѓу М.И.(28) и Л.Р.(31), двајцата осуденици во установата. Се работи на расчистување на случајот.
На 24.09.2025 во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(35) од Свети Николе од една страна и Н.Ц.(45) и О.Ц.(40), двајцата од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.09.2025 во 22:10 часот во СВР Скопје, И.Д.(21) од Богданци пријави дека околу 21:15 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со паричник, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.09.2025 во 10:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“,А.Е.(34) од Неготино бил физички нападнат од С.С.(41) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.09.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријави дека на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината ќерка Д.С.(36). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.09.2025 во 16:05 часот во СВР Скопје, С.М.(71) од Скопје пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Н.З.(69) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.