Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 24.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава против И.С. од  с.Амзабегово, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 28.07.2025 во с.Амзабегово пријавениот  нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејства.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Т. (32) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 18.06.2025 во двор од куќа во штипско село, пријавениот физички нападнал 77-годишна жена и и нанел тешки телесни повреди.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.Ш. (31), Е.Б. (36),  Е.Б. (26)  Д.К. (22) и 17-годишник, сите од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.07.2025  во двор од семејна куќа во Прилеп, пријавените физички нападнале две лица и притоа користеле тврди предмети.

 

На 23.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Г.(31), И.Ј.(31) и Г.Ш.(40), сите од Скопје и Ј.А.(38), С.А.(35) и Е.С.(30), сите од Р.Турција, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 23.09.2025 околу 18:10 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(51) од Прилеп удрил во куче и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата 15-годишна сопатничка, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

  

На 23.09.2025 во 13:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село кај с.Ново Село, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од с.Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од с.Габрово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

               

На 23.09.2025 во 08:50 часот во СВР Скопје, Ф.Н.(43) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир, заталкано зрно од огнено оружје паднало врз неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 23.09.2025 во 20:42 часот во СВР Скопје, Д.Г.(21) од Р.Турција пријави дека околу 18:15 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

               

На 23.09.2025 во 09:25 часот во СВР Скопје, Е.Б.(42) од с.Батинци, скопско, пријави дека околу 08:50 часот на Меѓународната автобуска станица-Скопје, додека бил на работното место, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

               

На 22.09.2025 во 18:40 часот во СВР Скопје, О.С.(64) од Скопје пријави дека околу 11:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Чаир била физички нападната од Д.П. и П.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.09.2025 во 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје настанал пожар на паркирано патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Ј.Ј.(19) од Скопје, а од пожарот било оштетено и друго паркирано патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.П.(46) од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против С.А., на работно место полицаец во Полициска станица од општа надлежност Велес, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. С.А. на 31.08.2025 со намера да вознемири или заплаши сопственик на сервис за продажба и поправка на возила од кого купил половно возило, за кое добил гаранција дека е во исправна состојба, но кратко време по продажбата при управување настанал дефект, му упатил закани на него и на членови од неговото семејство. Од страна на ПС ОН Велес на полицискиот службеник С.А. одземено му е службеното оружје со кое бил задолжен, а Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

 

На 23.09.2025 околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека со приватно возило од едно лице кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.А.О.(61) од Р.Турција, а откако го оставило повредениот, лицето со возилото заминало. Повредениот околу 19:30 часот починал, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност