ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.А. (42) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.04.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавената, при што пред нејзиниот дом таа фрлила марихуана и амфетамин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(19) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 13.07.2025 во дворот од семејната куќа, пријавениот му се заканувал со остар предмет на неговиот 47-годишен татко.
СВР Штип поднесе кривична пријава против 16-годишник од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 21.08.2025 во с.Карбинци, општина Карбинци, пријавениот физички нападнал малолетник, и притоа употребил т.н. боксирач, нанесувајќи му тешки телесни повреди.
На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.
На 22/23.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.В.(22) и Н.Ч.(31), двајцата од Скопје, С.Ј.(29) од Кавадарци и Е.Ц.(32) од с.Долни Коњари, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 22.09.2025 во 07:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(46) од с.Кучевиште, скопско и мотоцикл управуван од А.К.(23) од с.Кучевиште, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Н.Д.(22), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 22.09.2025 во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(18) од Охрид и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Е.(23) од с.Велгошти, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот и неговата сопатничка М.Н., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 22.09.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Призренска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(34) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од И.А.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 22.09.2025 во 05:45 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат Велес-Градско, после с.Ногаевци, општина Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 533“ без регистарски таблици, управуван од Д.П.(67) од с.Ногаевци, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(71) од Велес и патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Р.К.(43) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобил Д.А.(74) од Велес, сопатник од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 22.09.2025 во 16:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.Е. (39) од село Романовце, кумановско затоа што на улицата „ Илинденска“ во Куманово се заканувал со огнено оружје кон Е.С. (22) од Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 22.09.2025 во 11:50 часот во СВР Скопје, Н.Д.(39) од с.Џепчиште, тетовско пријави дека околу 09:00 часот на паркинг простор во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по претходна случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.09.2025 во 12:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, бил извршен службен разговор со А.И.(43) од Скопје, по претходна пријава од нејзиниот поранешен 43-годишен сопруг од Скопје, дека физички го нападнала нивниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.09.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.09.2025 во 13:45 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 22.09.2025 во 15:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дринска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на А.А.(40) од Скопје. Повредени лица нема. Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Известен бил јавен обвинител, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден од увидна екипа од СВР Скопје.
На 22.09.2025 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Горно Блаце, скопско настанал пожар на објект и сува трева, во сопственост на В.Т.(49) од с.Блаце. Повредени лица нема. Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.
На 22.09.2025 во 17:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека во неговиот дом во с.Љубин, скопско бил пронајден починат Ф.Ш.(79), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.