На 21.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Т.(23) од Радовиш, Ј.И.(19), С.А.(26), Т.А.(22), И.Н.(44) и И.А.(25), сите од Скопје, Б.А.(20) и А.К.(21), двајцата од с.Глумово, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 21.09.2025 во 09:25 часот на Граничниот премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ.(41) од Р.Албанија, затоа што при извршена гранична контрола констатирано е дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој е предаден на полициски службеници од Полициска станица Дебар, за понатамошна постапка.
На 21.09.2025 во 21:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „7 Ноември“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(69) од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.З.(18) од охридското село Лескоец. Н.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(55) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем “. На 07.06.2025 во с.Русиново, пријавениот пронашол паричник со пари и платежна картичка од банка на едно лице, при што се обидел да подигне пари од картичката.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.З.(27) и Д.Е.(44), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 18.07.2025, пријавените физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.Ј.(30) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 11.09.2025 во кругот на Општа болница Кочани, пријавениот упатил закани кон А.М.(43) и неговите деца.
На 21.09.2025 во 14:40 часот во Полициската станица Свети Николе е пријавено дека на крстосницата од ул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(33) од Скопје и патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 50-годишната Е.Ѓ. од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 21.09.2025 во 20:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово мотоцикл „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управуван од З.Б.(48) од Куманово, удрил во пешакот М.Д.(74) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Со телесни повреди се здобиле З.Б. и неговата 36-годишна сопатничка Л.Д. од Украина. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 21.09.2025 во 14:58 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(44) од Битола и мотоцикл управуван од С.А.(22) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 50-годишната С.А. од Битола, која се превезувала на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Л.Р.(61) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Тој, во текот на 2024 година, во својство на директор на Јавно претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“, ПО Скопје, подружница „Стогово“- Дебар, објавил јавен повик за склучување на договор за закуп на плац за складирање на огревни дрва во Дебар, по што, со злоупотреба на службената положба и овластување, подметнал фиктивна понуда за плац, наводно навремено поднесена и со пропуштање на должен надзор и увид дали парцелата ги исполнува минималните услови наведени во јавниот повик, спротивно на предвидените услови, склучил договор за подзакуп и закуп на недвижен имот градежно неизградено земјиште во Дебар. Со тоа, пријавениот на јавното претпријатие му нанел штета од 615.495 денари.
На 21.09.2025 во 17:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Штип-Плачковицa, М.К.(31) од с.Чардаклија, штипско, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а било констатирано и дека возачот го управувал мопедот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.67 промили во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 21.09.2025 во 22:05 часот во СВР Скопје, Е.К.(23) од Скопје пријави дека околу 20:40 часот, додека седела во угостителски објект на подрачјето на Центар, малолетно лице кое управувало електричен тротинет и одзело чанта со паричник и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.09.2025 во 00:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(41) од Скопје, по претходна пријава дека на 21.09.2025 околу 23:00 часот во двор од семејна куќа физички ја нападнал неговата 68-годишна мајка и оштетил и разни предмети во дворот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.09.2025 во 21:35 часот во СВР Скопје, А.Т.(25) од Скопје пријави дека околу 19:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од Т.В.(33) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.09.2025 во 19:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.В.(33) од една страна и Ј.И.(19) и двајца малолетници на возраст од 17 години од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.